Превкусен посен намаз сервиран со крцкав печен леб! Кој може да одолее? – За полесни пости Марија од нашиот тим ви приготви супер вкусен намаз за сите генерации.
„Идеален е за појадок, а верувам дека ќе ви се допадне и вам. Нашите пријатели – Тримекс ни испрати ја подарок Hawaiian Spirulina во прав, а тоа ме мотивира да побарам идеи и да испробам нов рецепт. Бидејќи е период на пости, а обожавам намази, одлучив да креирам брз рецепт кои сигурно ќе ви се најде деновиве. Приготвен без масло и со свежи намирници кои изобилуваат со хранливи состојки. Авокадото е добар извор на витамин К, фолна киселина, растителни влакна и здрави масти. Спирулината е позната како супер храна и има бројни придобивки: ја зајакнува крвта, го намалува заморот, ја зголемува енергија, го зајакнува имунитетот, помага при проблеми со варење на храната, го подмладува организмот и го успорува процесот на стареење. Младиот кромид е богат со флавоноиди кои ја поттикнуваат работата на имунолошкиот систем, го инхибираат создавањето на слободните штетни радикали и му помагаат на организмот да се одржи витален и здрав. Токму оваа комбинација на состојки ќе ви помогне да го победите пролетниот замор и да ја зголемите енергијата.“ – вели Марија.

Состојки:
- 1 авокадо
- 1 страк млад кромид
- ½ до 1 лажичка Hawaiian Spirulina во прав
- сок од ½ лимон
- сол и црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Авокадото пресечете го и отстранете ја семката. Потоа испасирајте го со виљушка.
- Сокот од лимон додајте го во садот со авокадото и измешајте.
Младиот кромид ситно исечкајте го. - Во садот со авокадото додајте го кромидот, спирулината во прав, посолете и зачинете со мелен црн пипер. Убаво измешајте.
- Намазот послужете го со парчиња печен леб. Декорирајте со шери домати, магдонос, ротквици, наут… Подготовката погледнете ја на видеото:
Совети плус:
- Сокот од лимон помага во спречување на потемнувањето на авокадото. Затоа додајте го веднаш по пасирањето.
- Hawaiian Spirulina во прав може да ја најдете во сите поголеми аптеки или да ја нарачате преку онлајн продавницата на Тримекс. Доставата е бесплатна, а за сите информации контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.
- И за крај, ако ти се допадна рецептот, заследи ме на социјалните мрежи и разгледај повеќе идеи:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska
Ви препорачуваме да прочитате: 5 креативни начини за употреба на Hawaiian Spirulina во прав.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.