витаминска салата

Зимска витаминска салата за забрзување на метаболизмот

Зимата е период кога имаме помал избор на зеленчуци, а истите најчесто имаат многу повисоки цени. Но, нутриционистите секогаш советуваат да се јаде сезонски зеленчук, кој е свеж и има релативно пристапна цена. Така направивме комбинација на неколку лесно достапни зеленчуци кои ги има во зимскиот период и ја креиравме оваа вкусна витаминска салата.

Изобилува со растителни влакна, витамини и минерали кои му се многу потребни на организмот во ладните денови. Трупката и зелката се нискокалорични, содржат висок процент на растителни влакна, а се препорачуваат за забрзување на метаболизмот, намалување на вишокот на килограми и за превенција на канцер.

Морковите изобилува со хранливи состојки и се препорачуваат во диеталната исхрана и во исхраната кај децата. Овој коренест зеленчук е богат со бета каротен, а освен за видот, одличен е за детоксикација и намалување на телесната тежина, затоа што содржи големи количини на растителни влакна и витамин А.

Семето од чија е се повеќе е популарно во третманите за намалување на телесната тежина, затоа што ја намалува апсорпцијата на храната, како резултат на зголемувањето на  нејзиниот волумен и олеснувањето на процесот на варење на храната со што овозможува нејзино побрзо поминување низ дигестивниот систем, подобро и полесно празнење на цревата.

здрава салата

Состојки:

  • 1 трупка со средна големина
  • 2 моркови
  • 4 до 5 листови кинеска зелка
  • 1 чаша ситно сечкана зелка
  • 1 мала лажичка чија семе
  • хималајска сол по вкус
  • ладно цедено маслиново или сончогледово масло
  • јаболкова киселина.

Подготовка:

  1. Трупката и морковите се лупат и рендаат на поголемата страна од рендето.
  2. Кинеската зелка се ситно се сечка.
  3. Во длабок сад се ставаат ренданите моркови, трупката, кинеската зелка и сечканата зелка. Се мешаат и се зачинуваат со хималајска сол, маслиново масло и јаболкова киселина.
  4. Готовата зимска витаминска салата се служи во чинии и се посипува со чија семе. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Свежа салата за брз метаболизам и добар имунитет.

Сподели: