Добар филм, пријатна домашна атмосфера и вкусно топло чоколадо за совршен зимски ден! Топлото чоколадо е еден од најпопуларните зимски задоволства на сите генерации. Има неодолив вкус, а неговата подготовка е едноставна и секој може да го направи. За максимално уживање во ладните денови ви предлагаме одличен рецепт за супер вкусно топло бело чоколадо. Опуштете се и почуствувајте ја магијата на совршениот спој на вкусови.
Топлото чоколадо е омилена топла напивка на многумина, и е идеално за студените денови што ни претстојат. Освен тоа што сите го обожаваат, неговата консумација е многу корисна. Чоколадото го поттикнува излачувањето на серотонинот, односно хормонот „за добро расположение“ во нашиот организам. Затоа, не двоумете се, направете си топло бело чоколадо и уживајте во празничната атмосфера со вашите најблиски.
Состојки:
- 300 г бело чоколадо
- 1 лажица шеќер во прав
- 30 мл ликер од бадем
- 200 мл слатка павлака
- 500 мл млеко
- цимет во прав по вкус.
За декорација:
- шлаг
- цимет стапчиња по желба.
Подготовка:
- Во подлабок сад искршете го чоколадото и растопете го на пареа. Садот тргнете го на страна.
- Во друг сад ставете го млекото да се загрева.
- Во растопеното чоколадо додајте ја слатката павлака и шеќерот во прав. Измешајте за смесата да се изедначи.
- Потоа, додајте ги врелото млеко и ликерот од бадеми и убаво измешајте. Топлото чоколадо ставете го во чаши по желба.
- Со миксер, шлагот изматете го според упатството. Со помош на готварски шприц декорирајте ги чашите со топло чоколадо. Врз шлагот посипете цимет во прав по вкус.
- Послужете го со вашите омилени празнични колачиња и уживајте!
Ви предлагаме да прочитате: Домашно топло чоколадо со какао и густин.