Колку е важна самата физичка активност, толку е важно со што ќе го освежите своето тело после вежбањето. Еден од најдобрите начини е да пиете чоколадно млеко после вежбање. Ќе ви откриеме зошто тоа е така.
Повеќе не мора да трошите пари на скапи суплементи после вежбање, затоа што консумирањето на чоколадно млеко е подеднакво ефикасно, но и многу повкусно. Со едно истражување реализирано во Тексас врз група спортисти, било утврдено дека кај испитаниците кои пиеле чоколадно млеко по вежбањето, нивните мускули биле поизразени, а биле и во подобра физичка форма во споредба со другите кои користеле суплементи.
Ви ги откриваме придобивките од консумацијата на чоколадно млеко после вежбање.
Ги надоместува изгубените електролити
Во текот на потењето се губат електролити, кои се потребни за нормално функционирање на организмот. Се смета дека млекото е совршено добро за надоместување на изгубените електролити, затоа што содржи натриум и калиум. Млекото се задржува подолго во организмот од останатите течности, па телото има повеќе време да ги апсорбира овие електролити. Дознајте зошто калиумот е важен за здраво срце и енергија.
Се зголемува мускулната маса
Тренинзите со отпор и чаша чоколадно млеко се добитна формула за зголемување на мускулната маса. Истражувањата покажале дека пиењето на млеко после вежбање ја зголемува синтезата на мускулите што резултира со зголемување на мускулните клетки. Покрај тоа, треба да ги знаете овие важни чекори за да го трансформирате своето тело засекогаш.
Содржи јаглени хидрати и протеини
Чоколадно млеко е совршен пијалак за после вежбање, затоа што има поволен однос на јаглени хидрати и протеини. Овие состојки во млекото му помагаат на телото побрзо и поуспешно да се оправи од тренингот, така што влијаат и за подобрување на кондицијата до следниот тренинг. Истражувањата покажале дека чоколадното млеко содржи двојно поголема количина на јаглени хидрати во споредба со обичното млеко и некои други спортски напитоци.
Останати хранливи состојки
Во споредба со другите спортски напитоци кои обично се пијат после тренингот, чоколадното млеко содржи повеќе калциум и витамин Д, кои се од голема важност, посебно за спортистите. Поединечно, а и во пар, овие хранливи состојки се многу корисни за организмот. Ја зголемуваат атлетската способност како резултат на нивното дејство врз коските и мускулите. Калциумот го подржува нервниот систем, а витаминот Д е важен за регулирање на другите минерали во организмот. Само една чаша чоколадно млеко содржи половина од препорачаните дози на калциум и една третина од дневните препораки за витамин Д.
Ви препорачуваме да прочитате: 3 совети за брзо опоравување после напорно вежбање.