Инозитолот е природна помош при синдром на полицистични јајници

Синдромот на полицистични јајници претставува чест проблем кај женската популација. Точната причина за појава на овој синдром сѐ уште не е позната, но генетскиот фактор има големо влијание. Промената на животниот стил, намалувањето на телесната тежина, редовната физичка активност, земањето на суплементи кои содржат инозитол и лекови препорачани од доктор, може да помогнат за намалување на симптомите и полесно забременување. 

На оваа тема добивме неколку прашања од нашите читатели, а тоа беше наш мотив за ново истражување. Кои се симптомите, што може да помогне и која храна се препорачува? – Дознајте во понатамошниот текст.

Цитрусно овошје

Што претставува синдром на полицистични јајници и кои се симптомите?

Синдромот полицистични јајници (PCOS) е еден од најчестите хормонални пореметувања кај жените. Името го добил од изгледот на јајниците во кои се наоѓаат бројни цисти. Се карактеризира со двојно поголеми јајници, со сиво бела површина под која се наоѓаат цисти со големина помеѓу 5 и 15 милилитри. Најголем дел од жените со овој синдром имаат проблем со овулација, инсулинска резистенција и многу високи нивоа на машки хормони. Се проценува дека од 5 до 10% од сите плодни жени страдаат од оваа болест.

Најчестите симптоми кои ги имаат жените со PCOS се:

  • намален број месечни циклуси или нивно изостанување
  • зголемена влакнавост
  • масна кожа и честа појава на акни
  • опаѓање на косата
  • зголемено масно ткиво во пределот на стомакот
  • ненадејно дебелеење.

Што претставува инозитол и за што помага?

Инозитол е природна состојка која ја има во дињите, цитрусното овошје, оревите, кикириките и храната богата со растителни влакна како: грав, кафеав ориз, пченка, сусам и пченични трици. Благодарение на нејзините придобивки за здравјето, достапна е во концентрирана форма како додаток во исхраната. Докторите и нутриционистите ширум светот препорачуваат да се користи за третман на голем број медицински состојби, како што се пореметувања на метаболизмот, нарушување во расположението и синдром на полицистични јајници. Позитивно влијае на инсулинот, па затоа се препорачува и кај дијабетичари. Исто така, инозитолот содржи антиоксиданси кои се борат со штетните ефекти на слободните радикали во мозокот, крвниот систем и други ткива.

Инозитол е нутриент од семејството Б-витамини. Тој е клучна компонента на клеточната мембрана и е вклучен во испраќање на сигнал помеѓу клетките. Конкретно, инозитолот ја зголемува чувствителноста на различни рецептори. Една клетка ослободува хемикалии („порака”) која се доставува до другата клетка да изврши дејство. Сепак, ако другата клетка не може да ја прими пораката, хемиската реакција е неупотреблива. Тука главна улога има инозитолот да ги подготви рецепторите за да се прими оваа порака.

На кратко, суплементите со инозитол се препорачуваат при:

  • анксиозност
  • депресија – ја подобрува осетливоста на рецепторите за лачење на серотонин (хормон на среќата)
  • дијабетес – ја подобрува осетливоста на рецепторите за лачење на инсулин
  • висок холестерол
  • метаболичен синдром – Инозитолот го зголемува нивото на добриот холестерол и го намалува нивото на лошиот холестерол кај жени со PCOS и жени во постменопауза со метаболен синдром
  • панични напади
  • синдром на полицистични јајници
  • слабеење – го забрзува разложувањето на масти и на тој начин доведува до намалување на телесната тежина и намалуање на лептинот (хормон кој го контролира апетитот)
  • ја зголемува стапката на плодност – жените со PCOS имаат потешкоти во забременувањето: Инозитолот помага за правилна функција на јајниците и го подобрува квалитетот на јајце клетките. Во тој случај се препорачува да се зема инозитол со Methyl Folate.

Се смета дека ја намалува прогресијата на Алцхајмерова болест и превенира некои видови на рак. Многу луѓе го користат и за побрз раст на косата или пак во борба со несоницата. Според последните истражувања, откриено е дека инозитолот е голема помош за жени кои страдаат од синдром на полицистични јајници.

Инозитол и синдром на полицистични јајници – еве што велат најновите истражувања

Во една студија на 20 жени со синдром на полицистични јајници им биле давани 600 мг инозитол еднаш дневно, шест до осум недели. Резултатите покажале дека инозитолот им помогнал на испитаниците во третирањето на абнормалносите поврзани со оваа состојба, вклучувајќи и висок крвен притисок и зголемено ниво на масти во телото. По завршувањето на студијата се утврдило дека нивото на тестостерон се намалило дури за 73%. Генерално, нормализирањето на хормоналниот баланс настанува со подобрувањето на состојбата, што значи, може да се каже дека инозитолот е природна помош за жените кои имаат полицистични јајници.

Каде може да се набави инозитол?

Добрата вест е што инозитолот е достапен и кај нас! Поразговоравме и со Д-р Нела Деспотовска и го препорачуваме Inositol na Now Foods. Формата на инозитол што се користи во овој производ е Мио-Инозитол, најконцентрирана форма на оваа хранлива состојка. Производот може да го најдете во добро снабдените аптеки или може да го порачате преку онлајн продавницата на Тримекс. За повеќе информации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нивниот e-mail: info@trimeks.com.mk.

Инозитол за полицистични јајници

Ви препорачуваме да прочитате: MSM – природна состојка која ги чува зглобовите и ги намалува болките.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinerest.

*Спонзориран текст.

Сподели: