варена интегрална пченица

Интегрална пченица за превенција на канцер

Меѓу бројните трендови за исхрана и здравиот живиот, во последно време е актуелно мислењето дека пченицата треба да се избегнува. Но, оваа популарна житарица со векови наназад служи како основна суровина во човековата исхрана. Имајќи ги во предвид нејзините хранливи и корисни својства, употребата на здравата интегрална пченица е апсолутно оправдана.

Доколку пченицата е обработена на правилен начин, како најважна и најчесто користена житарица на светот, секако дека не треба да се изоставува од нашите трпези.

Целите зрна од пченица се богати со корисни хранливи состојки за нашиот организам. Употребата на интегралната пченица во исхраната е корисна и благотворно делува на целото тело. Консумацијата на варена пченица може превентивно да влијае при запек, хемороиди и рак на дебелото црево.

интегрална пченица

Хранлив состав на пченицата

Интегралното, цело зрно од пченица изобилува со витамини и минерали. Посебно се значајни витамините од Б групата. Покрај нив, таа е богата со бета каротен, витамин Е, калциум, магнезиум, фосфор и железо. Во споредба со другите житарици, таа има повеќе протеини. Во 100 грама, неварена пченица има 351 калорија, 13 грама протеини, 2.5 грама масти и 70 грама јаглени хидрати. Мастите се наоѓаат во внатрешноста на семето, додека минералите влегуваат во состав на обвивката на зрното. Затоа, за да се искористат сите хранливи состојки се препорачува консумирање на интегрална пченица, односно цело зрно.

Како што споменавме, пченицата е извор на хранливи состојки, а посебен акцент треба да се стави на растителните влакна и минералите. Во една шолја варена пченица има 151 калорија и 8 грама растителни влакна.

Превенција на рак

Варената пченица содржи лигнан, фитонутриент кој има антиканцерогено дејство. Научните истражувања покажале дека оваа состојка е особено важна во превенцијата на рак на дојката. Друго истражување има покажано дека секојдневната консумација на пченични трици помага за намалување на жолчните киселини и бактериите во столица, за кои се смета дека може да предизвикувачи на карцином на дебелото црево.

Јадете варена интегрална пченица и намалете го вишокот на килограми 

Употребата на интегрална варена пченица може да помогне во одржувањето и регулирањето на здава телесна тежина, затоа што спречува наталожување на масти во пределот на стомакот. Исто така, таа помага за одржување на оптимално ниво на добриот холестерол, триглицериди и крвен притисок.

Лечење на хронични воспаленија

Варената пченица изобилува со бетаин, корисна состојка која игра важна улога во забрзува на лекувањето при хронични заболувања.

Природен лаксатив

Интегралната пченица, посебно триците делуваат како природен лаксатив, благодарените на изобилството на растителни влакна, фосфор и Б витамини.

Ви предлагаме да прочитате: Пченица – една од основните намирници на нашата планета.

Сподели: