Исхраната е од исклучително значење за правилниот развој на децата, особено во првите години од нивниот живот, кога се стекнуваат и основните навики. Но, балансираната и здрава исхрана кај децата е тема која ги плаши родителите, затоа што најмалите членови во семејството знаат да бидат пребирливи. Со желба да создадат што подобар и поздрав режим на исхрана, родителите често започнуваат да применуваат погрешни тактики како принуда и поткупување, кои го оттурнуваат детето од одредено јадење или создаваат нездрави навики во исхраната.
Не му дозволувате да ви помага во кујната
За да ги привлечете децата да јадат здраво, практикувајте да ве гледаат додека ја приготвувате вечерата или замолете ги да ви помогнат. Разговарајте со нив, објаснете му што е тоа и колку е тоа здраво за нив.
Прерано се откажувате од одбиената храна
Не се обесхрабрувајте ако вашето дете не сака брокула или грашок. Потребно е време децата да научат да го засакаат вкусот на новата храна и нејзината текстура. Понудете му ја новата храна повеќе пати, неколку дена подоцна. Педијатриите советуваат дека се потребни 10-15 обиди пред мало дете да прифати нова храна.

Немате време да му припремите оброк за на училиште
Обидете се заедно со вашето дете да го организирате неговиот ручек, а притоа и тоа да биде задоволно. Додајте свеж зеленчук и овошје во неговата исхрана, кое би можело да го сподели со своите соученици.
Консумирате нездрава храна пред него
Децата пред да започнат со училиштето, сакаат да го прават истото она што и нивните родители го прават и веројатно ги имитираат вашите предиспозиции спрема одредена храна и спремноста да пробат нова. Искористете ја оваа постапка и направете здрави избори во исхраната.
Го терате детето да изеде се што е во чинијата
Дозволете му на детето да престане да јаде кога тоа осеќа дека е доста. Допуштајќи му да јади кога веќе не е гладно, може да делува на развојот на нездрави навики – прејадување.
Правите големи временски паузи помеѓу оброците
Имајќи редовни оброци и ужини во ист временски распоред, ги обесхрабрува децата да имаат желба за нездрава храна во текот на денот или да изгладнуваат помеѓу оброците, што покасно може да доведе до прејадување. Ако вашето дете го прескокне оброкот, не дозволувајте му да го надополни со бонбони или колачи. Наместо тоа, понудете му здрава исхрана, како што се јаболка и моркови, и уверете се дека тие доволно јадат на нивниот следен оброк.