Како да го намалите покачениот холестерол во крвта?

Имате покачен холестерол во крвта? Потрудете се да го доведете во нормални граници. Постојат голем број на природни лекови кои може да ви помогнат во намалување на покачениот холестерол во крвта, кои често ветуваат брзи резултати. Но, балансирањето на холестеролот може да се постигне преку правење на поздрави избори од храната, промена на дневната рутина и вклучување на суплементи.

Подготвени сте да започнете? Погледнете ги овие едноставни методи кои ќе ви помогнат за намалување на холестеролот и дознајте какво влијание имаат врз вашето здравје.

покачен холестерол во крвта

Опасности од покачениот холестерол во крвта

Холестеролот е природна масна супстанција која ја произведува црниот дроб и е потребна на телото за правилна функција на клетките, нервите и хормоните. Иако организмот има потреба од холестерол, прекумерната количина може да се наталаложи на ѕидовите на артериите, а со тоа да го намали протокот на крв во виталните органи. Доколку плакот продолжи да се наталожува долго време, тоа може значително да го зголеми ризикот од срцев и мозочен удар.

Причинители за покачен холестерол во крвта

Па, кои се причините за висок холестерол? Верувале или не, одговорот е поширок отколку верувањето дека исхраната богата со холестерол е причина за тоа.

Нездравата исхрана богата со хидрогенизирани масти и рафинирани јагленихидрати може да го наруши балансот на холестеролот и да доведе до зголемување на неговото ниво. Овој дисбаланс се манифестира со покачен LDL (лош холестерол) и низок HDL (добар холестерол). Други причинители се:

  • физичка неактивност
  • дијабетес
  • стрес
  • хипотиреоза.

LDL и HDL холестерол – која е разликата?

Што друго е важно да се знае? LDL холестеролот,  познат како „лош холестерол“ се таложи на ѕидовите на артериите и го зголемува ризикот од срцеви заболувања. HDL холестеролот, кој од друга страна е познат како „добар холестерол“, поминува низ крвотокот, го отстранува штетниот холестерол од артериите и помага во подобрување на срцевото здравје. Па, како можете да го намалите нивото на LDL холестеролот, а да го зголемите нивото на HDL холестеролот? Прочитајте ги овие едноставни совети кои ќе ви помогнат да го намалите LDL холестеролот и вкупниот холестерол, а со тоа да го подобрите здравјето.

Како да го намалите холестеролот?

Храна која помага за намалување на холестеролот

Нема потреба да применувате исхрана во која се вклучени намирници кои содржат мал процент на холестерол. Едноставно вклучете намирници кои може да го намалат нивото на холестерол. Тие се:

  • овес
  • црвено вино
  • лосос и други масни риби
  • ореви
  • мешунки
  • чај
  • спанаќ
  • маслиново масло.

Претходно, детално имаме пишувано на оваа тема, па ви препорачуваме да прочитате: 9 намирници за снижување на холестеролот во крвта.

Додатоци во исхраната

Промената на исхраната често пати е ефективен метод за намалување на нивото на холестерол. А со вклучување на неколку додатоци во исхраната, ефектот може да го подобрите значително. Некои од нив се:

покачен холестерол

Омега-3 масни киселини – рибино масло

Рибиното масло може да биде од корист доколку немате навика често да консумирате риба. Истражувањата покажале дека рибиното масло може да помогне за зголемување на нивото на добриот HDL холестерол во крвта, а со тоа чистење на LDL холестеролот од артериите.

Од суплементите кои може да се најдат кај нас го препорачуваме концентратот од природно рибино масло на NOW кој е произведен под строги стандарди за контрола на квалитетот. Тестиран е дека не содржи штетни нивоа на загадувачи (жива, тешки метали, PCB’s, диоксини и др. загадувачи). Овој додаток во исхраната може да го порачате преку онлајн продавницата на Тримекс, со бесплатна достава до вашиот дом или да ги купите низ аптеките во Македонија. За сите прашања кои ги имате во врска со користењето на Омега-3, слободно пишете ни на info@sezahrana.mk или јавете се на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000. Исто така, прочитајте зошто Omega-3 се нарекуваат масти кои живот значат?

CoQ10

Коензимот Q10 e коензим за кој е докажано дека може да биде корисен во намалување на нивото на холестерол. Помага за отстранување на прекумерниот холестерол и превенира појава на артериосклероза, а на тој начин го чува здравјето на артериите. Од суплементите кои се достапни кај нас, го препорачуваме CoQ10 од NOW. Повеќе информации за употребата, начинот на дозирање на CoQ10 прочитајте на веб страницата на Тримекс, од каде што можете да го набавите.

Повеќе за CoQ10 прочитајте од едукативната содржина: Д-р Нела советува: CoQ10 е чувар на срцето и младоста.

*Комерцијален текст

Сподели: