Научете како да направите многу едноставна и елегантна пирамида од салфетка! Ова креативно дело за декорација на свечената трпеза за вашиот роденден, именден, куќна слава или друг посебен повод ќе пробуди нови емоции на задоволство и возбуда кај гостите. Пирамидата од салфетка може да се направи и од хартиена или од платнена, но штиркана салфетка. Пробајте дома и изненадете некого со мало, а сепак значајно внимание.
А дали знаете што симболизираат пирамидите? Кога обично ќе слушнеме пирамида, првата асоцијација на најголем дел од нас се светски познатите Египетски пирамиди кои биле специјално дизајнирани да служат како свети гробници за фараоните и нивните семејства. Се смета дека обликот на египетската пирамида претставува исконска Могила од која Египќаните верувале дека е создадена земјата, а формата на пирамидите е инспирирана од опаѓачките зраци на сонцето. Сега можете да имате хартиена макета од оваа историски значајна градба, затоа не губете време и обидете се да ја направите вашата пирамида од салфетка, која ќе биде тука да ги збогати сите ваши убави поводи и секако да ви предизвика пријатни и прекрасни емоции на задоволство.
Техника на виткање пирамида од салфетка
- На краткото видео можете да погледнете како најлесно да ја направите својата пирамида. Најпрво превиткајте ја салфетката, така што ќе добиете триаголник, а потоа продолжете така што страните на триаголникот ќе ги свиткате кон средината.
- Убаво притиснете за да се оформат рабовите, а потоа превртете ја салфетката од другата страна и повторно оформете триаголник.
- Свиткајте ја салфетката на половина, водејќи се по претходно добиената линија од триаголникот, исправете ја и пирамидата е готова.