Јадењето на поголеми количини на овошје и зеленчук секој ден може да биде напорно. Сепак, истражувањата покажуваат дека секој од нас би јадел повеќе ако овошјето и зеленчукот, ако истите однапред се подготват.
Со оглед на фактот дека 56% од учениците во основно училиште и 80% од средношколците не ја внесуваат дневната препорачана доза за овошје и зеленчук, време е малку повеќе да се потрудите и да го сочувате здравјето на целото семејство.
Сигурно знаете дека внесувањето на овошје и зеленчук во дневното мени на децата и тинејџерите е важно за да може правилно да растат и да се развиваат. На тој начин се зголемува нивната енергија и виталност, а се намалува ризикот од хронични заболувања. Покрај тоа, редовната консумација на овошје и зеленчук е значајна за сите генерации, затоа што:
- помага за намалување на ризикот со срцеви заболувања
- го намалува високиот крвен притисок
- го намалува ризикот од некои форми на рак
- превенира појава на прекумерно дебелеење
- ја регулира столицата
- ги елиминира токсините.

Неколку идеи кои ќе ви помогнат за да јадете овошје и зеленчук во поголеми количини
- Целото семејство вклучете го во изборот и подготовката на овошјето и зеленчукот.
- Изберете сезонско овошје и зеленчук, тие се повкусни и поевтини.
- Дома постојано чувајте сад со свежо овошје.
- Вклучете овошје и зеленчук во секој оброк. На пример, додајте исчекан, изрендан или пасиран зеленчук во сосовите за тестенини, во оброците со месо и во супите, а овошјето додајте го во житариците за појадок или во јогурт. Еве некои рецепти кои ќе ви бидат од корист: безглутенски појадок од житарки, зеленчук и сирење, полнети тиквички со зеленчук (посно јадење), лесна пита со зеленчук – без глутен.
- За време на ручекот како прилог послужете варен зеленчук. Еве неколку идеи за прилог од зеленчук: посен прилог од зелка и моркови, брз здрав прилог од брокула со лук и риба со прилог од печен зеленчук.
- Направете ужини од овошјето и зеленчукот. Пробајте варена пченка, сечкан зеленчук со хумус, јогурт или салса, компот, овошен пудинг со чија, замрзнато овошје или направете мафини со зеленчук.
- Направете овошно смуди со свежо или замрзнато овошје.
- Во лето замрзнете парченца овошје на стапче, за да добиете интересна и освежителна ужина. Еве еден интересен рецепт за ладен десерт – банана сладолед.
- Направте овошни десерти и послужете ги со немасен крем или пудинг.
- Бидете креативни во послужувањето и во сервирањето на овошјето и зеленчукот. Сурово, исечкано, рендано, пасирано или печено во различни шарени чинии или чаши.
Ви предлагаме да прочитате: 14 намирници за долг живот (листа од Џејми Оливер).