посен прилог со зелка и моркови

Посен прилог од зелка и моркови

Исклучително здрав, брз, вегетаријански и посен прилог од здрави зеленчуци како зелка, моркови и келераба ви приготвивме во нашата кујна. Може да го послужите во комбинација со месо или да го јадете како оброк.

Овој прилог со арома на сенф е многу е вкусен, па топло ви препорачуваме да го пробате. Идеален е за време на пости, за сите кои практикуваат здрава исхрана или пак се на диета. Пробајте го, нема да погрешите!

посен прилог со зелка и моркови

Состојки:

  • 1 чаша ситно сечкана зелка
  • 3 поголеми моркови
  • ¾ чаша рендана келераба
  • 100 мл млака вода
  • 2 лажици сенф
  • хималајска сол по вкус
  • црн пипер по вкус
  • 2 лажици маслиново масло по потреба.

Подготовка:

  1. Зелката ситно исечкајте ја. Морковите и келерабата изрендајте ги на крупната страна на рендето.
  2. На оган, на умерена температура ставете нелеплива тава да се загрее. Во тавата додајте ја зелката и кратко пропржете.
  3. Потоа додајте ги ренданите моркови и келераба. Во тавата налејте ја водата и покријте ја со капак.
  4. Зеленчуците динстајте ги за време од 10 до 15 минути. Потоа извадете го капакот, додајте го маслиновото масло и продолжете со динстање додека течноста испари, а морковите омекнат.
  5. Зеленчукот посолете го по вкус и поросете го со мелен црн пипер. Измешајте ги и додајте ги лажиците сенф. Ринглата исклучете ја, а состојките убаво измешајте и оставете ја тавата уште минута до две. Потоа, тавата тегнете ја од огнот.
  6. Динстаниот посен прилог од зелка и моркови, послужете го веднаш додека е топол. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Кремаст прилог од ориз и моркови.

Сподели: