Капрезе сендвич

Капрезе сендвич со нане

Лето, море и Италија! Убава земја со богата историја и уште повкусна кујна. Инспирирани од една од најубавите италијански салати ви припремиве капрезе сендвич со нане. Доволни ви се само 10-тина минути за да уживате во медитеранската арома на босилек, домати и моцарела.

Времето е топло, а брзите рецепти се секогаш прв избор. Затоа, не губете многу време во кујната и уживајте во прошетките во природа.

Состојки:

  • 1 француски багет
  • 150 грама свежа моцарела
  • 2 лажици песто сос
  • 2 домати
  • свежо нане
  • путер по потреба.

Подготовка:

  1. Багетот пресечете го на половина. Секој дел пресечете го на средината.
  2. Доматите и моцарелата исечете ги на тенки кругови.
  3. Внатрешната страна на багетот премачкајте ја со малку путер.
  4. Багетот ставете го на тостер кратко да се запече.
  5. Печените лепчиња премачкајте ги со песто сос и врз нив наредете сечкана моцарела, а притоа не ги затворајте. Така подготвените сендвичи наредете ги во тава.
  6. Тавата со багетите ставете ја во загреана рерна на 200 степени. Печете ги околу 3-5 минути за да се растопи моцарелата.
  7. Потоа извадете ги лепчињата и врз растопената моцарела ставете ги сечакните домати. По желба во готовиот капрезе сендвич додајте свежо нане или босилек. Уживајте во фантастичниот вкус и италијанската кујна со „Сѐ за храна“!
капрезе сендвич

Овој рецепт го припреми нашата уредничка Марија Кочовска за списанието Добра храна.

Ви препорачуваме да прочитате: Капрезе салата со рукола, маслинки и песто.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: