Карамелизиран кромид

Карамелизиран кромид

Дали сте пробале карамелизиран кромид? Во последно време е мошне популарен и во светските кујни. Му дава посебна арома на секое јадење и има неограничени можности за негова употреба. Денес ќе ви откриеме како може да го направите и самите дома!

Карамелизираниот кромид има многу пријатен вкус и совршено се надополнува со останатите јадења, без разлика дали се служи како додаток на главното јадење или аперитив. Еднаш кога ќе го пробате и ќе го почувствувате неговиот специфичен вкус, ќе имате јасна претстава како да го вклопите во речиси секој оброк. Совршено се совпаѓа со хамбургер, со месо, па дури и со сирење. А, кога еднаш ќе го подготвите може да го складирате во чиста стаклена тегла и да го чувате во фрижидер и до неколку дена.

Карамелизиран кромид 2

Состојки:

  • 1 кг кромид
  • 100 г шеќер
  • малку киселина
  • прстофат сол
  • 2-3 лажици маслиново масло.

Подготовка:

  1. Најпрво исчистете го кромидот и исечкајте го.
  2. Во длабок сад, на загреано маслиново масло ставете го кромидот да се динстува.
  3. Зачинете го со сол по вкус и додајте малку киселина. Може да користите било кој вид на киселина.
  4. Кромидот динстувајте го на пониска температура околу 1 час со повремено мешање или се омекне и добие стаклест изглед. Во меѓувреме садот со кромид треба да биде поклопен.
  5. Потоа, додајте го шеќерот и покачете ја температурата на шпоретот со цел да се карамелизира шеќерот. Откако ќе го додадете шеќерот постојано мешајте, бидејќи во спротивно кромидот може да загори.
  6. Вака карамелизираниот кромид складирајте го во чиста тегла и користете го по потреба.

Напомена: Со 1 килограм кромид се полни околу 1 тегла од ½ килограм. Количината на кромид се намалува со процесот на динстување, бидејќи содржи голема количина на вода која со додавањето на сол забрзано се ослободува. Во замена за киселина може да додадете ½ чаша вино. Исто така, наместо бел, може да користите кафеав шеќер.

Карамелизиран кромид 3

Ви препорачуваме да прочитате: 3 начини за сечење кромид без да ви солзат очите.

Сподели: