киноа бургер 1

Киноа бургер – вкусен вегански сендвич

Добар сендвич секогаш годи! А, во време на пости и за сите оние кои обожаваат да јадат храна од растително потекло, популарно позната како веганска и да се супер сити, ваков киноа бургер е добредојдена идеја!

Вкусно и хранливо, доволно за главен оброк!

киноа бургер 2

Состојки:

  • 1/2 чаша сварена и исцедена киноа (сварете 1/3 чаша сурова, па измерете за најточно)
  • 1 чаша + 1/3 чаша вода
  • 2 лажици мелено ленено семе
  • 1 лажица ладно цедено сончогледово масло од Фила
  • 1 мал црвен кромид
  • 3 ситно исечкани чешниња лук
  • 1 чаша овесни снегулки
  • 1/2 чаша потпечени семки од тиква
  • 1 лименка црн грав
  • 1/2 чаша ситно исечкан морков
  • 1 мала лажичка кумин
  • 1 мала лажичка црвен пипер во прав
  • 2 лажици соја сос
  • 1/2 мала лажичка сол
  • 4 интегрални лепчиња за сендвичи.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставете 1 чаша вода да се загрее. Кога ќе се загрее, додајте ја киноата и оставете додека почне да вари. Потоа намалете ја температурата, покријте го тенџерето и варете 15 минути. Откако ќе излезат клиците, киноата процедете ја. Издвојте 1 чаша од смесата.
  2. Лененото семе ставете го во подлабок сад. Додајте 1/3 чаша вода. Оставете да отстои малку колку да се згусти смесата.
  3. Во тава загрејте 1 лажица ладно цедено сончогледово масло. Додајте го кромидот и пржете 1 минута. Намалете ја температурата и со повремено мешање, пржете уште 5 минути, додека омекне и добие кафеавкасто златна боја.
  4. Во тавата со кромидот додајте го и лукот. Пржете уште 1 минута, па тргнете ја тавата од огнот.
  5. Овесните снегулки сомелете ги во блендер или сечко. Овесното брашно ставете го во подлабок сад.
  6. Потоа сомелете ги семките од тивка и додајте ги во садот со мелените овесни снегулки.
  7. Црниот грав исцедете го и измелете го. Додајте го во садот со овесното брашно.
  8. Во садот додајте ги куминот, морковот, црвената пипер и соја сосот. Убаво измешајте, па додајте ги и лененото семе, киноата, пропржените лук и кромид и солта. Повторно убаво измешајте, најдобро со рацете.
  9. Смесата поделете ја на 4 еднакви дела и формирајте плескавици. Ставете ги во плиток сад, да не се допираат и оставете ги во фрижидер 30 минути да се стегнат.
  10. Плескавиците извадете ги од фрижидер и наредете ги во намрсен плех. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 20 минути или додека да станат цврсти на допир.
  11. Лепчињата исечете ги на половина. По желба, едната половина намачкајте ја со сенф, кечап или посен мајонез. Врз неа ставете еден лист убаво измиена марула, домат или друг зеленчук по желба. Врз салатата ставете ја плескавицата, а врз неа другата половина од лепчето и добивате вкусен киноа бургер.
Киноа бургер - вкусен вегански сендвич

Препораки за крај:

  • По желба, киноата може да се замени со просо.
  • Рецептот се подготвува со ладно цедено сончогледово масло кое ние го избравме од палетата на Фила, и истото може да го користите слободно и за салати. По желба, во овој рецепт можете да користите маслиново масло. Маслата од Фила може да ги најдете во поголемите маркети или да ги нарачете онлајн од нивната веб продавница.
фила сончогледово масло

Рецептот е овозможен од Фила, па заследи ги на Facebook и Instagram за да ги следиш сите тековни новости и акции.

Ви препорачуваме да прочитате: Киноа со зеленчук и печурки – посно јадење.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: