козињак со луна крем - испробани велигденски десерти

Козињак со чоколаден крем

Велигденските празници се одличен повод да направиме вкусен козињак со чоколаден Луна крем и да се засладиме. Богатиот вкус на чоколадо во комбинација со рум и ванила ќе ги задоволи и најпребирливите дегустатори. Покрај тоа, неговиот декоративен изглед го прави неодолив украс на секоја празнична трпеза.

Да ја зачуваме нашата традиција! И оваа година домовите нека мирисаат на свежо печен козињак со неодолива арома на ванила и рум. Овој козињак е вистински микс на традиционалното печиво во облик на плетенка со модерен чоколаден вкус. Искористете го слободното време и направете нешто убаво за вас и вашите најблиски, затоа што ова е рецепт кој вреди да се проба!

козињак со луна крем

Состојки:

велигденски козињак со чоколаден крем

Подготовка:

  1. Во длабок сад ставете го квасецот и додајте една мала лажичка шеќер, една лажица брашно и малку млака вода. Измешајте со лажица и оставете го квасецот да се активира и нарасне за време од 10 минути. 
  2. Во сад за месење ставете ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер. Изматете ги со жица за матење. Потоа додајте ги маслото, млекото, нараснатиот квасец, кората од лимон и румот. Измешајте со жицата. 
  3. Постепено додавајте го брашното и замесете тесто. На крајот додајте го растопениот путер и продолжете со месење уште 2 до 3 минути. 
  4. Со помош на рацете од тестото формирајте правоаголна кора. Кората премачкајте ја со Брилијант масло и преклопете ги два краеви кон внатрешноста, така што треба да добиете форма на квадрат. Повторно премачкајте со Брилијант масло и краевите преклопете ги кон внатрешноста, за да добиете правоаголник. 
  5. Повторно со помош на рацете развлечете кора, премачкајте ја со Брилијант и преклопете ги краевите – повторете ја постапката од чекор 4. На крај тестото формирајте како топка, ставете го во садот за месење и покријте го со кујнска крпа. Оставете го двојно нарасне за време од 20-30 минути. 
  6. Потоа, кратко измесете го тестото во садот и оставете го повторно да нарасни за време од 1 час.
  7. Нараснатото тесто поделете го на два дела. Секој дел поделете го на 3 или 4 дела и со помош на рацете исучете ленти. Со помош на прстите, лентите развлечете ги додека постигнат ширина од 5-6 см. Во средината на лентите ставете чоколаден Луна крем, а потоа затворете ги. Од лентите сплетете плетенка. 
  8. Правоаголните калапи обложете ги со хартија за печење. Во калапите ставете ги плетенките и оставете ги да нараснат за време од 30 минути.  
  9. Нараснатите плетенки премачкајте ги со изматено јајце и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени, за време од 10 до 15 минути, а потоа намалете ја температурата на 170 степени и продолжете со печењето уште 25 до 30 минути. Печените козињаци оставете ги кратко да се изладат, покриени со кујнска крпа. Потоа извадете ги од калапите и повторно покријте ги со крпата до целосното ладење. Послужете ги со чаша чај, млеко и Луна крем. Уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!
велигденски козињак со луна крем

Ви препорачуваме да прочитате: Совети при подготовка на велигденски козињак (милиброд)

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: