kremasti karbonara kompiri 1

Кремасти карбонара компири

Доколку сакате да си дозволите врвно гастрономско уживање и задоволство на сите сетила, тогаш пробајте го овој рецепт и направете си вкусни кремасти карбонара компири за вас и за вашето семејство. Имаат мазен, сочен вкус и со сигурност ќе им се допаднат на сите во домот.

Вака подготвените карбонара компири се одличен прилог кој може да се послужи со месо, но исто така може да се консумираат и како самостоен оброк. За нивна подготовка може да користите веќе готов карбонара сос кој само ќе го растворите со млеко, а исто така може да си го подготвите и дома. На интернет има многу рецепти за карбонара тестенини, па зошто да не се експериментира малку во кујната и да се проба нешто ново. За промена, пробајте ги овие карбонара на нов начин, баш вкусен, како и со тестенините.

kremasti karbonara kompiri 2

Може да ве интересира: Оригинален класичен рецепт за карбонара сос сервиран со шпагети.

Состојки:

  • 5-6 компири
  • 200 г шунка или сланина по желба
  • 30 мл масло
  • 100 мл вода
  • 1 лажиче мајчина душица
  • карбонара сос (готов или домашен)
  • млеко за растворање на карбонара сосот
  • 70 г рендан кашкавал
  • сол по вкус.

Подготовка:

  1. Компирите измијте ги, излупете ги и исечете ги на кругови.
  2. Шунката исечкајте ја на ситни парчиња.
  3. Компирите наредете ги во намрсен плех за печење заедно со сечканата шунка и зачинете ги со мајчина душица и сол по вкус.
  4. Вака наредените компири прелијте ги со масло и малку вода, покријте ги со фолија и печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 40 минути.
  5. Во меѓувреме растворете го сосот за карбонара со млеко или направете домашен. (Домашен карбонара сос може да направите и од неутрална павлака, јајца и пармезан.)
  6. Откако ќе ја отстраните фолијата од плехот со компири, прелијте ги со готовиот карбонара сос и вратете ги во рерната уште дополнителни 5 минути.
  7. Потоа, извадете ги и посипете ги со нарендан кашкавал и повторно вратете ги во рерна, додека кашкавалот се запече. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Шпагети карбонара по италијански рецепт.

Сподели: