Зачинети и крцкави соленки се секогаш добредојдени на трпезата кога се собира друштвото! Забавата е секогаш подобра ако има нешто да се грицне, да се касне. Ние ги пробавме овие крцкави соленки со вино, многу беа вкусни. Одлично се вклопуваат и како мезе со ладно пиво!
Супер се за детски родендени, за ужинка на екскурзии и прошетки, за разноразни поводи. Ние обожаваме солени стапчиња, па ви предлагаме да ги изненадите своите сакани и да им ги подготвите деновиве!

Состојки:
Дополнително:
- Јајце
- 1 лажица афионово семе (мак)
- 1 лажица ситна црвена пипер (повкусно е ако е лута).
Подготовка:
- Од сите состојки заместе тесто и оставете го да стои во фрижидер околу 30 минути.
- Потоа тестото поделете го на два дела.
- Едниот расукајте го во правоаголна форма дебела околу 5мм и премачкајте со изматено јајце и наросете со сусам.
- Потоа завртете ја кората од другата страна и премачкајте ја со јајце и наросете ја со мак.
- Исечете ја кората на ленти долги околу 10 см, а широки 1 см. Лентите виткајте ги во вид на спирали и ставете ги во претходно припремен плеџ за печење, намрсен со путер или обложен со хартија за печење.
- Истата постапка повторете ја и со другата половина од тестото, но на местото од макот, едната страна се посолува со лут црвен пипер.
- Печете во загреана рерна на 180 степени за време од 20-25 минути, а доколку сакате да подготвите посни соленки, јајцето заменете го со вода.
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.
Ви предлагаме да прочитате: Крцкави солени стапчиња со зачини.