Крцкави сусам стапчиња со мелено ленено семе 1

Крцкави сусам стапчиња со мелено ленено семе

Направете крцкави сусам стапчиња со мелено ленено семе, повикајте го друштво, одберете го омилениот филмски наслов и препуштете се на уживањето! По желба вкусните и крцкави сусам стапчиња може да ги направите за бројните родендени во семејството, викендите, излетите и разните дружби! Одлични се за во разни прилики и се вклопуваат на сечија трпеза.

Кога се собираме со друштвото, преферираме домашни грицки, па овој рецепт е често на нашето „друштвено мени“!

Може да ве интересира: Пикантни интегрални грицки со ленено семе и сусам.

Крцкави сусам стапчиња со мелено ленено семе 2

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 1 лажичка хималајска сол
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 жолчка
  • 100 мл масло
  • 100 мл маслиново масло
  • 200 мл пиво
  • 3 полни лажици мелено ленено семе

За премачкување и посипување:

  • 1 белка од јајце
  • околу 100 гр сусам.

Подготовка:

  1. Во длабок сад измешајте ги брашното, прашокот за печиво, солта и обезмастеното ленено семе. По желба можете да додадете и некој зачин, на пример куркума, сув босилек, оригано, ким итн.).
  2. Во садот додајте ги жолчката, ладно цеденото масло од маслодајна репка, маслиновото масло, пивото и замесете мазно тесто. Ако сметате дека има потреба, додајте уште малку брашно.
  3. Од тестото, откако убаво ќе го измесите, оформете топка. Покријте ја со најлонска фолија или кеса и оставете ја да одмори околу 10 минути.
  4. Работната маса попрскајте ја со брашно. Со помош на сукало, тестото истегнете го во правоаголна кора.
  5. Потоа, премачкајте го со изматената белка и посипете го со обилна количина на сусам.
  6. Кората исечете ја на ленти со ширина од 1 см. Стапчињата можете да ги правите подолги или пократки по желба.
  7. Наредете ги врз плех кој претходно сте го обложиле со хартија за печење и печете во загреана рерна на 200 степени, за време од 20-тина минути или додека заруменат.
  8. Крцкавите сусам стапчиња префрлете ги во рамна чинија или друг рамен сад за да се изладат. Сервирајте и на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Солени стапчиња со сусам и ким (хроно).

Сподели: