Што би рекол нашиот народ „невидено вкусни“! Ако сакате да направите нов и малку поинаков десерт, рецептот за крцкавиве шпански крофни и тоа како ќе ви се најде! Најпознати се под името чурос и наликуваат на интересни стапчиња. Обично се наросуваат со шеќер во прав и цимет, или се јадат со топло чоколадо или прелив. Сигурно ќе уживате, ви гарантираме!
За нивниот вкус говорат редиците на различните саеми со храна, кои посебно се забележуваат во Шпанија, како и Мексико, каде исто така се јадат во голема мера. Ние обожаваме да правиме испробани рецепти, па го споделуваме проверениот рецепт според Џејми Оливер во комбинација со испробаната палета од светот на вкусовите на Витаминка. На здравје!
Состојки:
- 250 мл вода
- 50 гр путер
- 200 гр брашно
- 1/2 лажичка прашок за печиво од Витаминка
- 2 лажички ванилин шеќер од Витаминка или екстракт од ванила.
За валкање:
- 1 лажиче цимет во прав и 1/2 чаша шеќер во прав од Витаминка или по потреба.
За пржење:
- 1 литар Брилијант сончогледово масло.
За сервирање:
- Twister чоколаден прелив од Витаминка или домашно топло чоколадо.
Подготовка:
- Ставете ја водата во сад на оган за да стопли, а потоа тргнете ја настрана и во неа ставете го путерот за да се растопи.
- Во одделен сад измешајте го брашното со прашокот за печиво и ванилиниот шеќер.
- Откако ќе се стопи путерот и ќе се соединат со водата, со постојано мешање и полека додајте го претходно припременото брашно, со печивото и ванилата. Ако се одлучите да додадете екстракт од ванила, измешајте го со течните состојки.
- Мешајте со помош на лажица, додека смесата се соедини и почне да наликува на „топка“.
- Така припременото тесто ставете го во шприц за готвење со додаток во вид на ѕвезда.
- Во меѓувреме во сад на оган, маслото се става да се загрее некаде до 190 степени. За да знаете дали е доволно загреано, може да направите тест со залче леб. Ставете го во маслото и оставете го да стои 30 секунди, ако добие златна боја, значи маслото е спремно за пржење.
- Со помош на шприцот, пуштајте од тестото долги стапчиња некаде околу 5 см. По желба може да ги правите и подолги до 10 см како што е карактеристично за Шпанија, но тоа зависи и од големината на садот во кој што пржите.
- Пржете ги 3-4 минути или додека добијат златна боја и крцкав изглед.
- Во меѓувреме во сад измешајте ги циметот и шеќерот во прав.
- Извадете ги врз кујнска хартија за да се впие вишокот масло и веднаш извалкајте ги во мешавината од цимет и шеќер во прав.
- За крај и за традицијата да биде потполна, секое залче, непосредно пред каснување, потопете го во топло чоколадо и уживајте. Топлото чоколадо може да си го подготвите и дома самите, па повелете рецепт. А, доколку и вие како и ние сакате да врвите што помалку време во подготовка на рецептите може да го искористите вкусниот Twister чоколаден прелив на Витаминка, чие пакување го имате во прилогов.
Ви препорачуваме да прочитате: Највкусното домашно топло чоколадо.
*Спонзориран рецепт.