Сакате вкусен и едноставен колач? Ние имаме таков рецепт за вас. Овој несекојдневен колач со крем сирење се прави со лиснато тесто и ќе го освои вашиот вкус. Предлогот мора да се проба, а еве како може да го направите.

Состојки:
- 1 пакување лиснато тесто (со 2 парчиња внатре)
- 500 гр крем сирење
- 1 јајце
- 1 шолја шеќер
- 1 лажичка ванилин екстракт
- 2 лажици цимет.
Подготовка:
- Започнете со припрема на тестото. Едното парче тесто исукајте го и ставете го на претходно намрсена тава со димензии 20 x 33 см.
- Потоа, во сад со миксер изматете ги убаво крем сирењето, ванилиниот екстракт, јајцето и половина чаша шеќер.
- Со претходно добиената смеса премачкајте го тестото во тавата, а потоа другата половина од лиснатото тесто исукајте ја и ставете ја врз смесата со крем сирењето. Откако сте го направиле тоа, проверете дали добро сте ги поклопиле рабовите на двете кори.
- Колачот печете го во претходно загреана рерна на температура од 175 степени, за време од 30 до 35 минути.
Крцкавиот и ароматичен колач со лиснато тесто може да е проба. Ние практикуваме да го подготвуваме за време на викенди кога можеме да уживаме заедно со сите останати членови на семејството. Вие изберете го најпогодниот момент за вас и почестете се со крцкавиов колач. На здравје!