Сите добро знаеме за неговото поволно влијае на целокупното здравје, а при тоа, секој би помислил на вообичаениот начин, да се напие чаша чај. – А, запознаени ли сте за здравствената вредност на зелениот чај за телото преку козметичка употреба? Што би рекле за идејата наместо да го пиете, да направите купка од зелен чај?
Зошто баш купка од зелен чај?
Има многу причини зошто треба да си овозможите една ваква релаксирачка купка. Кожата е нашиот најголем орган и нејзината најважна функција е да го заштитува телото од најразлични болести, но и од штетните материи од опкружувањето и УВ зраците. Познато ни е дека се што ставаме на нашата кожа таа го впива и при тоа реагира со тие супстанции. Како резултат на тоа, зелениот чај е одличен избор за купка.

Корисните својства на зелениот чај во вид на купка се големи
Со помош на купката, кожата ги впива најдобрите својства од зелениот чај, а при тоа ќе придонесе и да се опуштите. Зелениот чај содржи антиоксиданси, витамини и минерали, a освен тоа има и антибактериски својства. Ја заштитува кожата од слободните радикали и помага во заштита од канцер. Овие својства посебно се должат на главниот антиоксиданс во неговиот состав – епигалокатехин 3 галат, кој e до 100 пати поефикасен од витаминот Ц, a 25 пати од витаминот Е. Затоа, овој чај и тоа како е ефикасен и добар за здравјето.
Во состав на зелениот чај исто така има и танини. Тие ги намалуваат порите на кожата, а тоа е уште една добра причина зошто треба да направите нежна купка со него.
Што велат истражувањата на оваа тема?
Некои научни истражувања укажуваат на тоа дека зелениот чај може да помогне во спречувањето на ракот на кожа, како и да го олесни опоравувањето при хемотерапија.
Други истражувања посочуваат дека танините во чајот не само што може да ги залечат изгорениците и да го спречат крвавењето, туку може да спречат и инфекција.
Наидовме и на информации дека природните антисептички својства на овој чај помагаат во ублажувањето на отоците и јадежот, но и го забрзуваат зараснувањето на исекотините, хемороидите, осипите и акните.
Интересен факт: Сите овие придобивки, во Јапонија се користат во голема мера. Откако Јапонците ги откриле овие придобивки, почнале да градат посебни базени за третирање на телото со купка од зелен чај. А тие важат за една од нациите со најдолг животен век.
Па, еве како се прави купката. Лесно и едноставно е.
Потребно:
- 6 ќесички зелен чај
- ½ чаша маслиново масло по желба (посебно се препорачува кај лица со сува кожа)
- вода по потреба.
Начин на подготовка и употреба:
- Ќесичките зелен чај додајте ги во полна када со жешка вода и оставете ги околу 10-20 минути. За тоа време водата треба да добие златно-кафеава боја, а тоа значи дека антиоксидансите и витамините од зелениот чај преминале во вашата купка.
- Потоа, тргнете ги ќесичките од чајот и подесете ја температурата на водата според вашите потреби. Доколку додавате маслиново масло, сега е моментот. Тоа исто така содржи антиоксиданси кои ќе ја омекнат вашата кожа, а особено е погодно за лица со сува кожа.
- Опуштете се во вака подготвената лековита купка најмалку 30 минути. Исплакнете со млака вода и на здравје!
Совет плус: На ист начин може да си направите и купка за стапалата, секако со помала количина на чај и вода. Во купката за стапала се препорачува да додадете и неколку капки етерично масло од нане.
Ви препорачуваме да прочитате: Пилинг за тело од кокосово масло и зелен чај.