За да може да се одржи здравјето и имунитетот, во текот на поладните денови организмот има поголема потреба од витамини и минерали. Мандарините се совршени за овој период од годината, бидејќи изобилуваат со витамини, минерали и растителни влакна. Сега сме во екот на сезоната на мандарините, па затоа ви претставуваме еден интерес рецепт за чај од кора на мандарина, како и придобивките од неговото консумирање за нашето здравје.
Овие овошки имаат ниска калориска, а висока нутритивна вредност. Изобилуваат со антиоксиданси (витамин Ц, Б1, Б3, Б6, Е, бета каротени, фолна киселина), минерали (калиум, калциум, магнезиум), флавоноиди, терпени и ксантофили. Не само плодот од мандарината, туку и нејзината кора поседува лековити својства, особено ако од неа се припреми чај. Но, тука станува збор само за плодови кои не се третирани со пестициди и хемикалии. Ако за да бидете сигурни дека мандарините кои ќе ги користите не содржат пестициди, применете го овој трик со сода бикарбона. Некои истражувања покажаа дека кората од мандарина помага во снижувањето на холестеролот, додека пак чајот припремен од неа се препорачува за многу здравствени состојби, дури и против канцер.

Начин на делување и лековити својства на чајот од мандарина
Многу истражувања покажале дека кората на мандарината има многу повеќе лековити својства од сокот, па дури и од самиот плод. Таа помага за снижување на високиот холестерол во крвта. Некои истражувања покажале дека во кората на мандарина има 20 пати повеќе антиоксиданси отколку во нејзиниот сок. Големата концентрација на антиоксиданси во кората, ја прават оваа овошка да биде совршен сојузник во борбата против канцер. Исто така, ја подобрува перисталтиката на цревата, ги олеснува утринските мачнини кај трудниците, како и кај лица кои патат од мачнини при патување. Некои истражувања тврдат дека помага и за балансирање на шеќерот во крвта, детоксикација и опуштање и се подразбира за настинка и грип. Па, следен пат штом јадете мандарини, не ја фрлајте кората. Исушете ја, а потоа чувајте ја во херметички затворена тегла. Исушената кора од мандарина користете ја за подготовка на чај.
Состојки:
- сушена кора од мандарина
- вода
- мед или било кој друг засладувач по желба
- црн чај (по желба може било кој друг чај).
Подготовка:
- За да го подготвите овој чај најпрвин ставите неколку парчиња сушена кора од мандарина во чаша за чај и попарете ги со зовриена вода.
- Вака подготвениот чај доволно е да постои неколку минути, па процедете го од кората и засладете го по вкус.
- Сушената кора од мандарина може да ја комбинирате и со други чаеви. А најдобро одговара во комбинација со црниот чај.
Ви препорачуваме да прочитате: 17 причини за да јадете мандарини.