Често останувате без идеја што да појадувате или вечерате? Сакате оброк кој е едноставен за правење, а истовремено вкусен и хранлив? – Имаме супер рецепт за вас! Направете си намаз од сончоглед и семки од тиква, премачкајте го на потпечено лепче, послужете и уживајте.
Освен тоа, овој лесен и вкусен намаз од 4 состојки е одличен и во комбинација со тестенини и за подготовка на разни сосови со додавање на лимон, лук и зачини. Комбинациите за подготовка и послужување се многубројни, па разбудете ја вашата креативност и право во кујна.

Состојки:
- 50 г семки од тиква
- 50 г лупен сончоглед
- ½ авокадо
- 1-2 лажици ладно цедено сончогледово масло од Фила
- сол по вкус.
Подготовка:
- Семките од тиква и сончогледот потпечете ги во претходно загреана рерна на 180 степени, за време од 10 минути. Авокадото пресечете го на половина, исчистете го и отстранете ја семката.
- Половина од авокадото, семките, сончогледот и маслото ставете ги во блендер и блендирајте додека добиете хомогена смеса. Посолете по вкус и измешајте.
- Добиениот намаз сервирајте го и послужете го со двопек, грицки или тост лепчиња. На здравје!

За подготовка на овој намаз употребивме ладно цедено сончогледово масло од нашите пријатели Фила. Дали знаеш за што е корисно ова масло? Ладно цеденото сончогледово масло има повеќе витамин Е од било кое друго масло, кој е добар антиоксидант и позитивно влијае врз човечкото тело. Содржи голема количина на Омега-6, која е неопходна за мозокот и правилно функционирање на организмот. Главни придобивки од ладно цеденото сончогледово масло се:
- го зајакнува имунитетот
- му дава енергија на телото
- корисно е за срцето
- го подобрува здравјето на кожата
- служи како превентива за канцер
- го намалува нивото на холестерол
- заштитува од астма
- ги намалува воспаленијата.

Ладно цеденото сончогледово масло може да го набавите во поголемите маркети или да го нарачате од онлајн продавницата на Фила. Достапно е во пакување од 500 мл, 750 мл и 1000 мл. А за сите новости и акции, заследете ја Фила на Facebook – ФИЛА МАСЛО и Instagram – @fillacoldpressedoils.
Совет плус:
- По желба, за малку позачинет вкус на овој намаз можете да додадете и лук во прав, сув босилек или други зачини по избор.
Ви предлагаме да прочитате: Брза и лесна салата со компири и спанаќ.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Рецептот е поддржан од Фила.