Лесно декорирајте колачи кои симболизираат љубов 1

Лесно декорирајте колачи кои симболизираат љубов

Во знакот на љубовта лесно декорирајте колачи! Сигурно досега сте се обиделе да изведете некаква декорација на колачи за било каков повод, но некогаш можеби недостасуваат идеи. Погледнете го краткото видео кое ви го предлагаме и откријте различни начини и повеќе идеи кои ќе ја поттиикнат вашата фантазија и креативност! 

Најпрво ви се потребни суви колачи во форма на срце, а нив можете да ги подготвите според следните рецепти: колачи со рум и портокал, колачи со мед, колачи со ванила и чоколадо, медени колачи со портокал и слично.

Секако, ќе ви биде потребна и основна слаткарска опрема, како што е шприц и неговите пропратни елементи, а важен и едноставен совет е цртањето на декорациите да го изведувате додека е пресен слојот врз кој декорирате, за потоа површината да биде еднородна и со убав лик.

Со помош на остар предмет лесно направете срциња од точки. Употребете линии и креирајте прекрасен дизајн со ваш печат на колачето. Нацртајте поголеми точки и погледнете како лесно да направите впечатливи усни!

Декорирањето е уживање, не си ја скратувајте таа радост, пробајте, интересно е!

За декорациите можете да употребите разни материјали како што се темно и бело чоколадо, шлаг и разни прехранбени бои и слично. Наша желба беше да ја инспирираме вашата имагинација, а на вас ќе остане уникатноста и изведбата на колачите кои ќе ги подарите со љубов.

Сподели: