Одличен избор за убав ден! Почестете се со овие колачиња и почувствувајте ја извонредната арома на ванила и чоколадо. Колачињата се прават брзо и лесно, а идеално се вклопуваат со вкусно кафе или чај. Ние ги пробавме, пробајте ги и вие, нема да зажалите!
Состојки:
- 200 гр брашно
- 75 гр шеќер
- прстофат сол
- 1 пакетче ванилин шеќер
- 1 полна лажица капучино
- 1 жолчка
- 120 гр маргарин
- 60 мл слатка павлака
- растопено црно чоколадо за декорација.
Подготовка:
- Во сад измешајте ги брашното, шеќерот, солта, ванилата и капучиното.
- Додадете ги прво маргаринот и жолчката, потоа и павлаката, па замесете меко и мазно тесто.
- Тестото завиткајте го во најлонска фолија и оставете го во фрижидер половина час.
- Од изладеното тесто развлечете кора со дебелина од половина сантиметар, па и со кружни форми или чаша со помал пречник исечете кругови.
- Печете на 180 степени, околу 12 минути.
- Растопете го чоколадото и оформете лица на колачињата. Дозата не е голема, па доколку сакате повеќе колачиња, дуплирајте ја количината на состојките.
Насмеаните колачиња со ванила и чоколадо се совршени за детски забави и кратки кафе паузи за возрасни, а исто така се совршена закуска со шолјичка чај или кафе.
Рецептот го испратил: Клара Бос