Некогаш е најтешко да се смислат едноставни и брзи рецепти, а јадењето да биде вкусно. Но, ако за сите нас тоа е енергија и време, за Невена е момент на креативност и уживање. Во есенско зимските денови имаме нов рецепт за брзо рижото со тиква!
Може да биде засебен оброк или пак да го планирате како вкусен прилог полн со бои и радости. Супер за целото семејство!

Состојки:
- 250 гр ориз
- 350 гр тиква
- 1/4 главица кромид
- 4 лажици масло
- 1 лажица путер
- 1 лажиче вегета
- 1 литар вода.
Подготовка:
- Најпрво исечкајте ја тиквата на помали коцки и ставете ја во тава да се пропржи околу 5-6 минути.
- Во друга тава ставете ги маслото и путерот, па малку пропржете го ситно исечканиот кромид.
- Потоа додадете ја тиквата која претходно кратко сте ја пропржиле.
- Додајте го оризот и убаво измешајте ги сите состојки во тавата.
- Налејте ја водата, додадете ја вегетата и посолете по вкус.
- Оставете го да вари додека течноста испари. Готовото и брзо рижото со тиква послужете го топло. На здравје!
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.
Ви препорачуваме да прочитате: Најдобриот рецепт за рижото со зеленчук.