фритата со зеленчук

Летна фритата со тиквичка и модар патлиџан

Еве супер лесен и летен рецепт за брзо јадење! Оваа печена фритата со тиквичка е богата со зеленчуци и има многу добар вкус. Тиквички, модри патлиџани, пиперки и домати, прелиени со јајце и кашкавал.

И благодариме на Невена за одличниот рецепт, кој во првата прилика ќе го пробаме. Таа вели дека наведените состојки се доволни за 3 лица, а по желба може да ги зголемите.

фритата со тиквичка

Состојки:

  • 5 јајца
  • 1/2 црн патлиџан
  • 1/2 тиквичка
  • 1 црвена пиперка
  • 1/2 главица кромид
  • 1 домат
  • 70 гр моцарела или кашкавал
  • по вкус сол и масло.

Подготовка:

  1. Зеленчукот (освен црвениот домат) исечете го на тенки долгунести парчиња и ставете го во тава за печење. Посолете го, попрскајте го со масло, измешајте го и ставете го да се потпечи во загреана рерна на 200 степени околу 20-на минути малку да омекни. На половина од печењето повторно измешајте го.
  2. Печениот зеленчук оставете го малку да олади.
  3. Во сад ставете ги јајцата, малку сол и со виљушка изматете ги. Додајте ја моцарелата или кашкавалот исечкани на мали коцки и зеленчукот. Измешајте ја смесата.
  4. Истурете ја во тава бр.26 обложена со хартија за печење или намачкана со масло и посипана со презла. Одозгора наредете го црвениот домат исечен на кругови.
  5. Тавата ставете ја да се запече во загреаната рерна околу 15-20 минути додека јајцата се зацврстат.
  6. Печената фритата со тиквичка и модар патиџан оставете ја малку да олади, потоа послужете ја со свежа салата, сирење, јогурт и сл.

Рецептот го испратил: Невена Ѓеровска.

Сподели: