Мали и слатки лимон мафини, приготвени по идеја на нашите читатели. Убавата арома на лимон и сочноста на овие мафини ќе го освои сечиј вкус!
Кога сме кај убавите рецепти, ви препорачувам да прочитате: Бела магија.

Состојки:
- 350 г брашно
- 2 јајца
- 200 г шеќер
- 150 мл масло
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 2 лимони (кора и сок).
Подготовка:
- Во сад за матење се стават јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер. Се матат со миксер за време од неколку минути додека се добие пенеста смеса.
- Во садот се додаваат маслото и сокот од лимон. Сè меша со лажица за да се добие хомогена смеса.
- На крај, во садот се додаваат брашното и ренданата кора од лимоните. Смесата се меша со лажица.
- Вака подготвената смеса се става во модли за мафини. Притоа, модлите за мафини треба да се наполнат со смесата, во висина од 2/3 од калапот.
- Мафините се печат во загреана рерна на температура од 200°С, за време од 20-25 минути. Испечените мафини се декорираат по желба.
Ви предлагаме да прочитате: Ванила куглоф.