Лосион од црвен кромид за избелување на пегите на лицето и рацете 1

Лосион од црвен кромид за избелување на пегите на лицето и рацете

Црвениот кромид не е делотворен само во кујна! Од него можете да направите лековити облоги, сирупи и разни лекови по рецепти според народната медицина. Таков е и рецептот за лосион од црвен кромид кој се користел од најстарите времиња како природно средство за избелување на пегите на лицето и рацете.

Што е интересно, современата наука влијаела на овие рецепти. Истражувања покажале дека кај лицата кои редовно консумираат храна богата со кверцетин, како што е црвениот кромид, значајно се намалува ризикот од карцином на белите дробови. А, еве како се прави и користи лосионот.

Лосион од црвен кромид за избелување на пегите на лицето и рацете 2

Состојки:

  • црвен кромид
  • јаболкова киселина.

Подготовка и начин на употреба:

  1. За да го направите овој лосион само излупете го, измелете го и исцеде го неговиот сок.
  2. Сокот од црвен кромид измешајте го со подеднаква количина на јаболкова киселина.
  3. Лосионот чувајте г во стаклен сад на темно место. Секоја вечер на местата каде имате пеги, нанесувајте од лосионот на исчистена кожа.

Ова природно средство е од посебна помош кога станува збор за пеги добиени од сонце.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен третман против пеги, дамки и хиперпигментација.

Сподели: