Дозволете си го вкусниот луксуз со богат хранлив состав! Лососот изобилува со полновредни белковини, витамини од Б групата, фосфор и селен, како и омега 3 масни киселини кои повеќе кратно влијаат поволно на нашето здравје, а овој пат да го пробаме вкусот на лосос во маринада.
Лососот како и туната, сардината, скушата и харингата, содржи голема количина на омега 3 масни киселини кои се драгоцени за здравјето, заради што се препорачува честа застапеност во исхраната, а нутриционистичките препораки се најмалку 1 неделно да се јаде риба која е богата со омега 3 масни киселини.

Состојки:
- 1 кг лосос
- 150 мл маслиново масло
- 2 лимони
- 4 лажици соја сос
- 3 лажици рузмарин
- 1/2 лажичка лук во прав
- брашно и масло за пржење по потреба.
Подготовка:
- Лососот се реди во подлабок сад и се полева со маслиновото масло и соја сосот.
- Се додаваат рузмаринот и лукот.
- Лимонот се цеди и смесата се меша. Рибата се остава да отстои околу 2 часа во маринадата.
- Откако лососот стоел во маринадата се валка во брашно и се пржи на помалку масло бидејќи лососот има помрсна структура.
Рецептот го испратил: Даниела Џогова.
Ви препорачуваме да прочитате и риба за долговечност и добро расположение.