мариниран лук во тегла

Мариниран лук во тегла

Во потрага сме по иновативни и креативни рецепти за зимница, кои порано ги подготвувале нашите предци, а денес се повеќе се запоставуваат и забораваат поради брзото темпо на живот. Особено ги сакаме оние рецепти кои се ем здрави, ем вкусни. А, сите ние знаеме колку е корисен лукот, па затоа денес ви претставуваме еден рецепт за одлична зимница со овој лековит зеленчук. Станува збор за мариниран лук во тегли.

На нашиве простори сѐ уште големо внимание се посветува на подготовката на зимница. Речиси и да нема куќа во која нема барем една тегла ајвар или кисела салата. Иако, денес тој тренд пополека изумира поради недостаток на време и поради евтината цена на веќе готовата зимница. Но, постојат многу интересни стари рецепти за зимница која не може да се купи, а еден таков рецепт е токму овој – мариниран лук во тегла.

мариниран лук во тегла

Состојки:

  • 1 чаша винска киселина
  • 1 лажичка сол
  • ½ лажичка шеќер
  • мајчина душица по желба
  • неколку зрна црн пипер во зрно
  • излупени чешниња лук.

Подготовка:

  1. Во помал сад зовријте киселина, шеќер и сол, па додајте ги зачините.
  2. Лукот исчистете го од лушпите.
  3. Излупениот лук наредете во чиста и стерилна тегла.
  4. Со претходно подготвената смеса прелијте ја теглата со лук.
  5. Вака подготвената тегла добро затворете ја и чувајте ја на собна температура и до два месеци.
  6. Маринираниот лук во тегли претставува совршена салата и одлично одговара со ладно предјадење. Но, по желба може да се консумира и на многу други креативни начини.

Ви предлагаме да прочитате: Зголемете ја хранливата вредност на лукот со овие трикови.

Сподели: