Фантастичната за лик и превкусната за јадење марула поради нејзиниот здрав хранлив состав често е нарекувана “чиста храна”, а кога станува збор за готвени јадења кои прекрасно изгледаат оваа зелена салата е прва асоцијација за идеално и едноставно декорирање на разните специјалитети во домовите и рестораните насекаде во светот.
Таа е составен дел од разни вкусни салати, како што е свежа зелена салата, мешана сезонска салата или превкусната мимоза салата која е вкусен специјалитет и се нуди во голем број ресторани и мезе барови во нашата земја. Ние ви предлагаме да го пробате нашиот рецепт за редена мимоза салата која освен што плени со вкус, мами и со својот лик.
Марулата е квалитетна храна која ви дава вредни калории и корисни хранливи материи – јаглехидрати, протеини, масти и минерали, кои директно влијаат на здравјето и индиректно придонесуваат за убава, мазна и сјајна кожа без брчки.

Зелената марула е помагач на здравјето на срцето и крвните садови, бидејќи придонесува против таложење на масни наслаги на нивната површина. Минералите во нејзиниот состав овозможуваат заштита на нервниот систем, го поддржуваат имунитетот и штитат од настинки, а бидејќи е природен диуретик оваа зелена салата е препорачлива за чистење на бубрезите и дренирање на вишокот на течности од организмот. А не би смееле да го заборавиме поволното влијание на зелената марула за доброт варење на храната и целокупното здравје на дигестивниот систем.
Исто така има висока содржина на вода, што е многу важно бидејќи високата содржина на вода и кабастата структура на овој лиснат зеленчук за време на оброкот волуминозно го пополнуваат нашиот стомак и прават да се чувствувате најадени без да внесувате дополнителни калории.
Сите видови на зелена салата – марула, имаат приближно ист број на калории, без разлика дали сe црвенолисни или зелени, независно од формата и изгледот кои се различни кај сите. Така, во порција од 85 грама, се обезбедуваат околу 10–15 калории, па кога станува збор за марула можете да се опуштите и да ја јадете во изобилство, бидејќи е здрава храна од која можете многу да ја јадете, а при тоа да внесете само мала количина на калории и многу здравје.
За разлика од порано, кога марулата беше сезонско овошје кое се појавува во првите топли пролетни денови, денес имаме прекрасна можност да ја уживаме во текот на целата година, па ајде да направиме салата!