масло од рузмарин

Масло од рузмарин за зајакнување на косата

Доколку вашата коса ви паѓа или бавно ви расте, наместо да купувате скапи шампони и регенератори, направете третман со масло од рузмарин. Рузмаринот ќе го поттикне растот на вашата коса и ќе го подобри нејзиниот квалитет.

Рузмаринот е добро познато и популарно медитеранско растение, кое одушевува со својот пријатен мирис. Со векови лисјата од рузмаринот се користат како традиционален лек при проблеми со косата. Истражувањата покажаа дека рузмаринот го стимулира растот на косата и ја регенерира. Рузмаринот и дава сјај на косата, помага при првут и го намалува нејзиното опаѓање.

Маслото и чајот од рузмарин често се користат во шампоните и лосионите за нега на косата. Редовната употреба на маслото од рузмарин ги стимулира фоликулите, го подобрува растот на косата и ја зајакнува. Исто така се претпоставува дека маслото од рузмарин го намалува предвременото губење и белење на косата. Затоа се смета за одличен тоник за сите луѓе кои имаат проблеми со опаѓањето на косата. Масажата со масло од рузмарин помага при првут. Може да се измеша со масло од чајно дрво и босилек за третман на проблеми со скалпот. Рузмаринот одлично се комбинира со маслиново масло и се користи за и зајакнување и потемнување на седата коса.

масло од рузмарин

Рецепт за масло од рузмарин

Состојки:

  • 1 лажица суви листови од рузмарин
  • 50 мл екстра девствено маслиново масло

Подготовка:

  1. Листовите од рузмарин истолчете ги и ставете ги во сува мала тегла.
  2. Во теглата додадете маслиново масло и затворете ја.
  3. Чувајте ја на ладно и темно место за време од 4 до 5 недели.
  4. Потоа процедете го маслото низ цедилка и употребете го во период од една година.

Сподели: