Вкусни, крцкави, сочни и медени – овие мафини со овесни снегулки, јаболка и цимет се супер десерт кој се приготвува лесно и брзо. Идеални се за појадок или слатка ужинка, и одличен избор кога ви се јаде нешто благо, здраво и вкусно!
Иако малку се разликуваат во споредба со стандардните мафини од брашно, сепак се декоративни и симпатични. А рецептот може да се прилагодува по вкус и желба на целото семејство! Може да ги додавате омилените јаткасти плодови, суво, свежо или замрзнато овошје. Па, во зависност од состојките кои ќе ги додадете варира и бројот на мафини (20-24) кој ќе го добиете.
Состојки:
- 2 поголеми јајца
- ¼ чаша растопен путер
- ¼ чаша ливадски мед од Рес-Ком
- ½ лажичка сол
- 1 лажичка прашок за печиво
- 2 лажички цимет
- 2 лажички ванилин шеќер
- 2 лажици кафеав шеќер
- 2 лажици ленено семе
- 115 г пире од јаболка (во замена може да се користи динстувано рендано јаболко)
- 1 свежо рендано јаболко
- 1¼ чаша млеко
- 3 чаши овесни снегулки
- ¼ – ½ чаша сечкани ореви по желба
- ¼ – ½ чаша суво овошје по желба
- ¼ – ½ чаша свежо или замрзнато овошје по желба.
Подготовка:
- Во длабок сад ставете ги јајцата, растопениот путер, медот, солта, прашокот за печиво, циметот, ванилиниот и кафеавиот шеќер, лененото семе, пирето од јаболка, свежото рендано јаболко и млекото. Добро измешајте за да се соединат состојките.
- Потоа додајте ги овесните снегулки, оревите и сувото овошје. Добро промешајте.
- Доколку сакате да додадете свежо или замрзнато овошје, ставете го на крај во смесата за мафини и нежно промешајте неколку пати.
- Вака подготвената смеса оставете ја да отстои околу 30 минути на собна температура со цел да омекнат овесните снегулки.
- Хартиените корпички ставете ги во калапите за мафини. Во секоја корпичка ставете по ¼ или 1/3 чаша од подготвената смеса.
- Мафините печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени околу 15-20 минути додека поруменат.
- Печените мафини со овесни снегулки извадете ги од калапите и наредете ги на решеткава подлога за да се изладат.
- Може да ги послужите веднаш или да ги чувате во херметички сад или ќеса во фрижидер околу 3-4 дена. На здравје!
Препорака од нас:
За најслатки медени мафини, наш избор се медовите на Рес-Ком. Уживајте во слаткиот вкус и користете ги придобивките од природата! – Нивната палета изобилува со различни врсти на мед и навистина може да избирате по свој вкус и желба. Може да си купите ливадски, планински, цветен, липов, дабов мед, диет мед, мед од багрем… Ако сакате да дознаете повеќе за нив, посетете ја нивната фан страница Res-Kom Resen, нивниот инстаграм профил или контактирајте ги на телефонот 047 452 489. За крај, припремете ги состојките, испечете ги мафините и уживајте со најблиските!
Ви препорачуваме да прочитате: Чоколадни медени срца.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.