Медитерански здрав појадок – рецепт од кујната на Марија Кочовска

Слатко или солено? Што би избрал за појадок? – Ако бараш здрави идеи кои ќе ти дадат ситост и енергија за старт на денот, продолжи со читање. Го споделувам мојот најнов рецепт за медитерански здрав појадок со парче печен крцкав леб и омилените летни зеленчуци – краставица, домати и маслинки. Посно, веган, здраво и хранливо. 

Ако си на диета, или пак во брзање на утро, а внимаваш на исхраната, овој рецепт е за тебе. Медитеранските вкусови сервирани врз парче печен крцкав леб!
Медитерански здрав појадок

Состојки:

Подготовка:

  1. Парчињата леб испечи ги во тостер или тава.
  2. Авокадото испасирај го со неколку капки свежо цеден сок од лимон.
  3. Краставицата исечкај ја на листови, а доматите на четвртини.
  4. Врз парчето леб стави го намазот од авокадото и додај ги краставицата и доматите. Додај ги сечканите маслинки и листови босилек.
  5. По желба може да додадеш маслиново масло и сирење (ако не постиш). На здравје!
Медитерански здрав појадок со производ

Совети плус:

  • Сокот од лимон го спречува потемнувањето на авокадото и така се задржува убавата зелена боја на намазот.
  • За подготовката го користев новиот леб со семиња – 100% цело зрно од Жито Лукс. Тој ми е прв избор, а ако го немаш пробано досега, набави го и испробај го рецептот. 
  • Подготовката на рецептот погледни ја на видеото:

Ако ти требаат дополнителни здрави идеи за појадок, разгледај ги моите предлог рецепти:

Разгледај повеќе идеи и рецепти на моите профили на социјалните мрежи и заследи ме:

Може да те интересира: Дали може да се јаде леб при диета?

*Рецептите се овозможени од Жито Лукс.

Сподели: