„Превкусни се! Медитеранските полнети тиквички во доматен сос ќе го освојат сечиј вкус. Летото е сезона на тиквичките, па ги искористив и припремив нов рецепт кој одговора во повеќе диетални режими – УН диета, хроно диета, безлутенска исхрана, исхрана со мал број на јагленихидрати…
Класичните рецепти за полнети тиквички често содржат ориз или кашкавал. Но, овој рецепт е подеднакво вкусен, а има помал број на калории. Наместо ориз се користат и тиквички во филот.“ – вели Марија.

Состојки за 2 порции:
- 1 поголема тиквичка
- 250 г мелено месо од Агриа
- 400 мл доматен сос – домата
- 1 морков
- Зачини по вкус: сол, мелен црн пипер, црвена пипер, мешан зачин, лук во прав, оригано
- 1-2 лажици масло
- Магдонос за декорација.

Подготовка:
- Тиквичката пресечете ја на половина. Двете половини издлабете ги со лажица. Парчињата тиквичка кои ги издлабивте, исчекајте ги на коцки.
- Морковот излупете го и исечкајте го на коцки.
Во тава на оган ставете го маслото да се загрее. Во тавата додајте го меленото месо и пропржете го 4-5 минути. Потоа додајте ги тиквичките и моркови. Зачинете со зачините по вкус. Продолжете со пржењето уште 2-3 минути. Ако има многу течност, може да ја истурите. - Додајте 1 чаша доматен сос и оставете да прокрчка 1-2 минути.
- Тиквичките ставете ги во тава. Наполнете ги со филот. Во тавата додајте го преостанатиот доматен сос.
- Рерната пуштете ја на 220 степени и ставете ги тиквичките да се печат. Печете околу 20 минути. Печените полнети тиквички оставете ги кратко да се изладат, а потоа поросете ги со свежо сечкан магдонос. На здравје!

Совети:
За најдобар вкус користете свежо месо (може мешано или јунешко по избор). Ја посетив месарницата на Агриа во Битола и си набавив свежо мелено месо. Често купувам свежо месо, а Агриа се мој прв избор. Домашно и превкусно за сите рецепти!
Ако ти се допадна овој рецепт, разгледај повеќе идеи на мојот Инстаграм профил – @kocovska.marija и заследи ме. Може да ме следиш на:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska.
*Рецептот е поддржан од Агриа.