4 начини да ја пребродите менопаузата

Топли бранови, зголемување на телесната тежина, ненадејни промени на расположението, несоница, сексуални проблеми, се дел од симптомите на менопауза која е пресвтна точка во животот на секоја жена.

Тоа е неизбежна природна појава проследена со телесни и психолошки промени кои варираат од жена до жена. Почетокот на менопаузата е строго индивидуален. Најчесто настапува меѓу 45 и 55-годишна возраст. Но, има и жени кои влегуваат во менопауза во 30-тите или 60-тите години од животот. Се смета дека просечната возраст на која жените стапуваат во менопауза е 51 година.

За да ги ублажите и елиминирате проблемите што доаѓаат со годините, следете ги следите совети.

Едноставно разладување

Во периодот кога често се јавуваат топлите бранови облечете се во слоеви, избегнувајте да јадете зачинета храна, топли и кофеински напивки, и не престојувајте во загреани простории. Намалувањето на телесната тежина може да помогне. Искуството покажува дека витите жени полесно се справуваат со овие непријатности.

менопауза

Целете кон 2,5 часа умерена физичка активност неделно и ритмично дишете

Ритмичното дишење може да ги смири мозочните неврони и да го забави термостатот на телото. Вдишете и издишете шест до осум пати во минута, по 15 минути двапати во текот на денот или кога ќе почувствувате топлина во телото. Вежбањето јога или пилатес може да ви помогне да го откриете вистинскиот ритам на дишење. Редовната физичка активност ќе ви помогне да го зачувате здравјето на вашите коски и срце, да го намалите нивото на стрес и да си го подобрите расположението.

Исхрана и менопауза

Благодарение на „растителните хормони“, одредени видови на храна може да влијаат врз симптомите на менопаузата. Состојките во сојата и другите мешунки може да ја спречат појавата на симптоми на менопаузата. Во текот на денот јадете две порции на храна што содржи изофлавони, како што се:

Хормонска терапија

Цел на хормонската терапија е надоместување на одредени хормони во телото, чие ниво е намалено поради различни причини, вклучувајќи ја и менопаузата. Во употреба се многу хормонски лекови, а само лекар може да ви одреди кој лек ви одговара, во зависност од видот на проблемот, историјата, болестите и можните ризици.

Ви предлагаме да прочитате: 5 намирници кои треба да се избегнуваат по 50-тата година.

Сподели: