Леблебии - зрнесто богатство за здрав третман на телото

Леблебии – зрнесто богатство за здрав третман на телото

Од зрнестата листа на храна, леблебии се нешто што мора да имате и да практикувате како добра храна за честа употреба во секојдневното мени, за ужинки и салати, за време на паузи од работа и прошетки! Тие се едноставна храна која може да се консумира секогаш и секаде!

Леблебии - зрнесто богатство за здрав третман на телото

Леблебиите спаѓаат во групата на легуминози или уште познати како мешункасти растенија. На нашите простори се познати и под името бобинки, а како и да ги наречете тие се вкусна храна која му овозможува здрав третман на целото телото. Се сметаат за еден од најстарите култивирани зеленчуци на Блискиот Исток и храна која е омилена повеќе стотици години во поголемиот дел од светот. Едно од најпознатите јадења од леблебии односно наут е светски познатиот хумус, чија пто кремаста текструра и свеж вкус трајно се памети од како ќе го пробате. Повелете оригинален испробан рецепт од истокот, доколку сакате да си направите самите дома.

Покрај одличниот вкус и широката палета на можности за употреба, многу лесно може да се утврди зошто леблебиите се ценета и посакувана храна:

  • Леблебиите се одличен извор на протеини.
  • Го „убиваат“ гладот и овозможуваат ситост.
  • Леблебиите го стабилизираат холестеролот и шеќерот во крвта.
  • Изобилуваат со растителни влакна и многу позитивно влијаат на дигестивниот систем.
  • Многу се богати со магнезиум, па го чуваат нервниот систем и коските бидејќи помагаат да се врзе калциумот.
  • Помагаат при бременост така што ја намалуваат опасноста од спонтан абортус и предвремено пораѓање.
  • Поволно влијаат за детоксикација на организмот бидејќи помагаат во неговото чистење од заостанатите отрови – токсини од храната.

Ви препорачуваме да прочитате за корисните својства на леќата врз здравјето за организмот, која исто така е легуминозно растение.

Сподели: