4 празнични рецепти мала

Мини готвач – топ 4 празнични рецепти со месо за 2024

Празниците се пред прагот, а овој период е идеален да поминиме време во кујната и да ги направиме најдобрите специјалитети. Направивме селекција на 4-те топ рецепти со месо за 2024 година, кои се идеални за Новата година и божиќните празници.  

Печени ребра, сочни ќофтиња во бел сос, кременадли во кремаст сос или свинско филе со ароматични зачини и путер… Кој рецепт да го изберете, нема да погрешите, а трпезата ќе ја збогатите со вкусен специјалитет. 

4 празнични рецепти со месо

Ќофтиња со кашкавал во бел сос

Овој рецепт го дегустиравме на гости за свечен повод, а она што е предобро, мора да се сподели. Од наведените состојки ќе добиете поголем број на ќофтиња, па овој рецепт нека ви биде прв на листата штом ви се најавиле гости за празниците. Кои состојки ти се потребни и како да го направиш? – Кликни на линкот и прочитај го рецептот. 

Печени свински ребра во BBQ сос 

Уште еден рецепт кој е дел од листата на најдобри рецепти за 2024 година. Што има повкусно од печени сочни ребра во ароматичен сос? – Идеални за празниците, послужени на трпезата со чаша пиво, кифлички, салата… Изненади ги најблиските и приготви го овој специјалитет. 

Состојки:

  • 1,5-2 кг свински ребра од Агриа
  • 1 чаша сос за скара (BBQ сос)
  • 1 лажица сол
  • 2 лажички црн пипер
  • 2 лажици црвена пипер
  • 1 лажица лук во прав
  • 1/2 лажичка чили во прав
  • 2 лажички оригано
  • 1 лажица кафеав шеќер

Подготовката прочитај ја тука. 

Печени ребра во рерна

Сочно, печени свинско филе во сос од путер и зачини

Овој рецепт е за љубителите на меко, сочно филе, приготвено на гурмански начин. Приготвено како од елитен ресторан, со внимателно избрана комбинација на зачини и маринада која дава сочност уште при првиот залак.

Дознај го рецептот на линкот. 

Кременадли во кремаст сос

Која е тајната на вкусните кременадли, кои се дома приготвени, а месото е сочно? – Одговорот е едноставен. Добар рецепт и квалитетни состојки! А овој рецепт е баш таков.

Состојки: 

  • 2 лажици масло
  • 4 кременадли од Агриа 
  • 1 главица кромид
  • 2 – 4 чешниња лук
  • 250 мл пилешки бујон
  • 150 мл неутрална павлака за готвење
  • 50 г рендан пармезан
  • Ситно сечкан магдонос. 

Начинот на подготовка, прочитај ги на линкот.  

И за крај, посети ги месарниците на Агриа во Битола, Штип и Велес, или побарај го нивното свежо свинско месо во Тинекс и Рамстор маркетите. Купувај домашно, свежо месо со најдобар квалитет. Агриа го произведуваат месото од „нива до виљушка“, а овој начин обезбедува да се добие месо со врвен квалитет. Нека бидат твој избор за празниците! 

Агриа производи

Ви предлагаме да прочитате: 3 празнични рецепти за кременадли во сос.

*Рецептот е овозможен од Агриа. 

Сподели: