Домати, моцерела и босилек, тоа се главните состојки на популарната капрезе салата. А овој пат Невена ни предлага интересен начин на служење на мини капрезе салата која ја прави погодна за различни свечени трпези.
Таа вели: „Капрезе салатата подготвена на овој начин, во мини верзија е декоративна која може да се послужи на родендени, имендени или други прослави. Исто така е освежителна, составена од здрави намирници погодни за овој летен период и е одлична идеја де се понеси со себе на плажа. Состојките ги напишав за една чепкалка, а според вашите потреби ќе си ги зголемите.“

Состојки за една чепкалка:
- 1 мало топче моцарела
- 1 шери доматче
- 2 ливчиња босилек.
Подготовка:
- Моцарела топчињата и доматите исечете ги на половина. Но ако се помали може да ги оставите и цели.
- Ако листовите од босилекот се големи искинете ги во големина, отприлика колку моцарелата или ако се мали оставете ги цели.
- На една чепкалка прво ставите половина топче моцарела, лист босилек, шери домат, лист босилек и на крај пола топче моцарела. Тоа е се. На здравје!
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.
Ви предлагаме да прочитате: Солени мафини Капрезе.