Кој е за брз и превкусен сендвич? Ајде гурмански да патуваме и да ги вкусиме најубавите јадења ширум светот. Овој пат ви припремив Монте Кристо сендвич кој е американска верзија на францускиот сендвич „Croque-monsieur“. Се прави од тост леб, сирење (кашкавал) и шунка, премачкан во мешавина од јајца и испржен во путер.
Овој сендвич е популарен во САД од 1930-тите години и има многу регионални варијации. Некои го сервираат со шеќер во прав, сируп или џем за да му дадат сладок вкус. Но, солено-слатките комбинации не се по мој вкус, па ги изоставив. Снимив и видео од подготовката, кое може да го погледнеш подолу во текстот.

Состојки:
- 3 парчиња тост леб XL од Жито Лукс
- 3 лажици мајонез
- 4 парчиња шункова салама
- 3 лажици (50 г) рендан кашкавал
- 2 јајца
- 1 лажица млеко
- Сол по вкус
- 1 лажица путер.

Подготовка:
- Врз секое парче леб ставете по 1 лажица мајонези и премачкајте.
- Потоа ставете рендан кашкавал.
- Врз две парчиња леб, ставете по 2 парчиња шункова салама.
- Земете го едното парче со шункова салама и ставате го врз другото парче со саламата. Потоа земете го парчето со кашкавалот и ставете го врз парчињата со салама, така што кашкавалот ќе биде од долната страна. Постапката погледни ја на видеото.
- Сендвичот притиснете го.
- Во длабока чинија ставете ги јајцата, додајте го млекото, посолете и измешајте со жица за матење.
- Сендвичот потопете го во изматените јајца.
- Во тава на оган, на умерена температура ставете го путерот. Штом се растопи додајте го сендвичот и пржете го од сите страни (потребно ќе биде да се пржи по 3 минути од страна).
- Топлиот Монте Кристо сендвич, пресечете го на половина, така што ќе добиете два триаголници. Послужете го веднаш. На здравје!
Совети плус:
- Користев бел тост леб XL од Жито Лукс, затоа што големината на парчињата е идеална за подготовка на овој сендвич.
- Краевите на тост лебот може да ги исечете за да добиете совршена форма.
- По желба врз парчињата леб може да додадете и сенф заедно со мајонезот.
- Сендвичот може да го исечете и на четвртини и да добиете совршено мезе. Вкусен е и кога е ладен.
- Со тост леб можеш да направиш и брз клуб сендвич.

За повеќе рецепти и идеи посети ги моите профили на социјалните мрежи и заследи ме:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska.
*Рецептот е поддржан од Жито Лукс.