Една од омилените летни мусаки е баш неодоливата мусака од модри патлиџани, па да ја направиме барем еднаш во сезоната! Иако наликува на комплицирана постапка, се е многу едноставно.
„Припремата ќе си ја олесните максимално, така што ќе припремите смеса за палачинки и ќе ја користите за похување. Во одделен сад, припремајте го филот и на крај се убаво соединете, кратко запечете во рерна и ручекот е на трпезата.“ – вели нашата пријателка Лана од блогот Kuhinjica Mignone.

Состојки:
- 2-3 модри патлиџани со средна големина
За фил:
- 500 гр мелено месо
- 1 главица кромид
- сол и црн пипер по потреба
- сечкан магдонос
- рузмарин по вкус.
Смеса за похување:
- 1 шолја брашно
- млеко или минерална вода по потреба
- малку сол
- прстофат црн пипер
- 1 јајце.
За преливање:
- 2 јајца
- околу 300 мл минерална вода
- малку кашкавал за посипување.
Подготовка:
- Модрите патлиџани измијте ги, излупете ги, па исечете ги на тенки кругови. Потоа посолете ги и оставете ги да стојат 10-тина минути. За тоа време ќе пуштат сок, кој слободно можете да го впиете со кујнска крпа.
- Направете густа смеса како за палачинки, со вода или млеко по желба.
- Исечените патлиџани спуштајте ги парче по парче во припремената смеса и пржете на загреано масло додека малку заруменат од двете страни. Извадете ги на кујнска хартија за да се впие вишокот маснотија.
- Припремете го филот. На малку масло пропржете го ситно исечканиот кромид, додека стане стаклест на изглед.
- Додајте го меленото месо и зачинете по вкус, па динстајте ги заедно 10 минути.
- Во длабок сад за печење, наредете еден ред од модрите патлиџани, па распоредете одозгора половина од филот. Постапката повторете ја уште еднаш, а внимавајте најгоре да завршите со ред модри патлиџани.
- Мусаката прелијте ја со разматените јајца и минерална вода, а потоа посипете со ренданото сирење.
- Ставете да се печи во загреана рерна на 200 степени за околу 30 минути. Послужете топла или млака со павлака за прилог. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Мусака од компири со мелено месо.