Јаболковата киселина е една од намирниците кои морате да ги имате во домот. Освен за слабеење и хранливост, таа може да користи и во служба на убавината, па во оваа прилика ви даваме можност да си направите домашна јаболкова киселина, природна и произведена од вас.
Сигурно веќе знаете колку е јаболковата киселина здрава за срцето и какви се позитивни ефекти има врз нашето здравје. Најмногу се користи за готвење, а често и како лек за разни болести. Зар не би било прекрасно да ја имате постојано при рака? Да, тоа е возможно, а потребни ви се само малку органски одгледани јаболка.

За да направите домашна јаболкова киселина потребно ви е:
- измиени и нарендани јаболка – може и сечкани на кришки или да ги ставите во блендер за фино да се измелат)
- шеќер – потребен за ферментација, а него воопшто ќе го нема во финалниот производ. Ако користите покисели јаболка, додајте 1% шеќер на вкупната количина јаболка.
- голема стаклена или пластична тегла
- парче чиста газа.
Подготовка:
- Измиените и нарендани јаболка ставете ги во стаклена или пластична тегла и наросете малку шеќер врз нив.
- Прелијте ги со вода и покријте ги со парчето чиста газа, а потоа оставете ги да стојат на температура од околу 20 степени.
- По 7-10 дена, ќе започне да се чувствува мирисот на јаболкова киселина во просторијата каде ја чувате. Мирисот е доста јак, затоа најдобро би било да ја чувате во подрумот, шпајзот или некоја друга просторија во која не престојувате често, наместо во кујна или дневна соба.
- По време од месец дена можете да пробате дали ви одговара киселоста на киселината. Доколку е доволно јака по ваш вкус, време е да ја процедите течноста и да ја складирате во чисти стелилизирани шишиња.
Ви препорачуваме да прочитате: Јаболкова киселина – храна и лек за 27 болести.