Крајот на летото и раната есен се периоди кога проблемите со грлото и кашлиците настапуваат на сцена. Посебно ако имате мали деца, ова ќе биде корисна информација за вас. На лесен начин и природно, може да подготвите домашен лековит чај против грип и настинки и да се ослободите од тегобите.
За овој чај не ви се потребни некои специфични состојки кои тешко се наоѓаат, напротив, скоро редовно имате сѐ во вашата кујна.

Може да ве интересира: 9 намирници кои треба да ги јадете при грип и настинка.
Состојки:
- 430 мл вода
- 1 стапче цимет
- 2-3 кругови/кришки ѓумбир
- 5 семенки кардамон
- прстофат сув кориандер
- 3-4 зрна црн пипер
- 2 каранфилчиња
- 1 лажичка црн чај.
Подготовка:
- Сите состојки варете ги 5-7 минути, па тргнете го садот од оган, поклопете го и оставете да стои 10 минути.
- Процедете ја течноста и чајот пијте го засладен со мед, но медот не го ставајте додека чајот е жежок, бидејќи така губи дел од своите корисни својства. Исто така, имате можност овој чај да го пиете како освежителен напиток. Оставете го да се излади, ставете му 1-2 кругови портокал или лимон и ставете го во фрижидер.
Ви препорачуваме да прочитате: Ефикасен домашен чај од ѓумбир за настинка и грип.