Ако ви досадиле стандардните намази за појадок, еве ви една многу вкусна и едноставна идеја, која ќе ја обожавате и вие, а за децата нема никаков сомнеж. А, како да не го обожаваат овој вкус? Не се јаде секој ден чоколаден путер со лешници!
Путерот од кикиритки ни е многу познат и многумина од нас го пробале. А, сте слушнале ли за чоколаден путер со лешници? Ова е нешто што не се пропушта! Еве како да го припремите.

Состојки:
- 200 гр лешници
- 200 гр чоколадо за готвење
- 2 лажици мед.
Подготовка:
- Рерната приклучете ја на 200 степени да се загрее.
- Лешниците ставете ги на плех за печење и печете ги во рерната не повеќе од 5 минути, колку за да ја ослободат својата арома. Завиткајте ги во чиста крпа и истријте ги од кафеавата лушпа.
- Потоа, лешниците ставете ги во блендер и блендирајте ги околу 3 минути, односно додека се претворат во путер.
- Чоколадото стопете го на оган, па измешајте го со медот и додајте ги во садот со путерот од лешници. Блендирајте уште малку додека смесата добие изглед на путер. Вака припремениот путер можете да го чувате во фрижидер најдолго 2 недели.
Ви препорачуваме да прочитате: Домашен чоколаден намаз од банани.