Скоро и да нема мајка која сака да му го даде најдоброто на своето дете! А, истото можеме да го кажеме и за сите лица кои свесно се трудат да живеат што поквалитетен живот, а тоа подразбира и поздрав живот. Пробајте го овој домашен чоколаден намаз од банани, веруваме ќе ви се допадне.
Можеби некогаш вкусот на нештата кои ги подготвуваме дома е малку поразличен од превкусните на кои сме навикнале да ги купуваме, но некогаш вреди да пробаме да внесеме по нешто ново и приготвено од нас.

Состојки:
- 5 банани
- 150 гр шеќер
- 1 лажица сок од лимон
- 50 мл вода
- 100 гр чоколадо за готвење.
Забелешка: Како поздрава варијанта предлагаме наместо бел шеќер и чоколадо за готвење, да користите кафеав шеќер и црно чоколадо со висок процент на какао во својот состав.
Подготовка:
- Бананите излупете ги и испасирајте ги рачно или со миксер.
- Откако ќе ги испасирате додајте го сокот од лимон.
- Добиената смеса ставете ја во тенџере, а потоа додајте ја водата и шеќерот. Убаво измешајте.
- Ставете го тенџерето на тивок оган и оставете да се вари 8-10 минути, а при тоа, непрекинато мешајте.
- Потоа додајте ги коцките чоколадо и продолжете со варењето уште 7-8 минути. Ис то така, продолжете да мешате за да не ви зафати за дното.
- Готовиот чоколаден намаз од банани складирајте го во чиста тегла и чувајте го на темно место, а најдобро во фрижидер.
Ви препорачуваме да прочитате: Домашен џем од моркови.