велигденска торбичка

Направи сам: Велигденска торбичка – зајаче

Велигденските празници се наближуваат, а со тоа започнува украсувањето, шарените јајца и креативните идеи. За вашите најмали и најмили имаме една идеја за велигденска торбичка во форма на зајаче која може да ја наполните со чоколадни јајца, а бескрајно ќе ги израдувате.

Одвојте малку време, земете три хартиени чинии, започнете со креирање на велигденската торбичка и забавата може да започне.

Потребно ви е:

  • 3 хартиени чинии
  • памук
  • врвка или сатенска лента
  • копче за алишта
  • пластични очи (доколку немате може да исцртате со црн фломастер)
  • хевталица, молив, лепило, ножички
  • мали чоколадни јајца по желба.

Чекор 1: Земете две хартиени чинии и поставете ги една врз друга. Со помош на молив исцртајте ги рабовите и исечете ги во форма на уши како што е прикажано на видеото.

Чекор 2: Од едната исечена чинија отсечете дел во форма на форма на квадрат кој ќе ни служи како заби на зајачето.

Чекор 3: Земете ја преостаната чинија и со помош на лепило залепете ги ушите, очите, копчето и памукот (следете ги инструкциите на видеото).

Чекор 4: Од задната страна на зајачето, поставете ја пресечената хартиена чинија и прицврстете ја со хевталица.

Чекор 5: На горните краеви направете по едно дупче низ кое ќе ја протнете сатенска лента, а внатрешноста меѓу двете чинии да ја исполните со памук и да ставите многу малечки чоколадни јајца. Вашата велигденска торбичка е готова!

Ви предлагме да прочитате: Велигденско јајце со чоколадни бонбони.

Сподели: