Настан – Електронски едукативен центар за дијабетес

Здружението на дијабетичари на општина Битола иницира и започна со реализација на електронскиот едукативен центар за дијабетес. Промоцијата на едукативниот центар се одржа на 12.11.2019 година во Градската Библиотека во Битола, како дел од активностите за одбележување на Светскиот ден на дијабетесот.

Целта на функционирањето на овој центар е што помасовна информација и едукација на населението за дијабетесот со цел да се превенира, а доколку постои да се спречат непосакуваните последици од него.

центар за дијабетес

Основната заложба е како да се постигне максимално квалитетен, продуктивен и долг живот со состојба на дијабетес, низ едукативни, практични искуства кои ќе бидат пренесени од компетентни лица лекари, фармацевти, нутриционисти, психолози, психијатри, медицински сестри итн.

Мисла водилка на тимот на овој проект, раководен од Здружението на дијабетичари, а спонзориран од поддржувачи е „Едуциран, информиран – смирен, спасен“.

Електронскиот едукативен центар се предвидува да има содржини од:

  1. Основните елементарни информации за се што се однесува за дијабетесот од медицински аспект.
  2. Препораки за исхрана на лица со тип1 и тип2 дијабетес кои треба да бидат од голема корист за регулацијата на гликемијата како и во превенција на истата.
  3. Спортот и рекреацијата како дел од општата физичка активност кои имаат огромна важност во регулирањето на гликемијата.
  4. Дијабетесот и психичката состојба кои исто така придонесуваат во голем процент за состојбата со дијабетесот.

Покрај овие четири области на кои се темели стабилноста на дијабетичната состојба, ќе бидат прикажувани разни информации и настани од значење на лицата со дијабетес.

Им посакуваме успешна реализација, а како поддршка за одбележување на Светскиот ден на дијабетесот, ви предлагаме да прочитате и да се едуцирате:

Сподели: