Најдобри совети за тело без целулит 1

Најдобри совети за тело без целулит

Сѐ што ви е потребно во борбата против целулитот може да го пронајдете во вашата кујна. Кој би рекол нели? – За почеток подгответе чаша зелен чај, бидејќи најновите истражувања покажаа дека овој напиток помага во елиминацијата на „ кожата од портокал“. А во продолжение, прочитајте за некои од најдобрите совети кои ќе ви овозможат да имате тело без целулит какво што отсекогаш сте посакувале.

Оваа непријатна појава се јавува дури кај 90% од жените, а поретко кај мажите. Најчесто се јавува на задникот, бутовите и нозете, но не е исклучена можноста да се појави и на стомакот и рацете. A иако експертите тврдат дека е невозможно целосно да се ослободите од целулитот, сепак се сложуваат дека со правилен микс од исхрана, вежбање, масажи и кремови може да се сведе на минимум.

Најдобри совети за тело без целулит 2

Правете си третмани додека се туширате – антицелулитен пилинг

Додека се туширате добро истријте го целото тело со помош на ракавица. Масажата ја поттикнува циркулацијата и ги елиминира вишокот течности од организмот, ја затегнува кожата и овозможува истата подобро да ги апсорбира лосионот или млекото за тело кои подоцна ќе ги нанесете. Добро е барем еднаш во седмицата да си направите антицелулитен пилинг. Сѐ што треба да направите е да измешате 2 чаши крупна морска сол, со ¼ чаша топла вода и 1 чаша маслиново масло. Додека се туширате, истријте ја кожата со оваа смеса, почнувајќи од стапалата. Кожата ќе стане видливо помазна и посјајна.

Правете вежби кои помагаат против целулит

Одете без обувки или во ортопедски чевли колку што можете почесто. Тоа ќе ги стимулира рефлексните зони на стапалата и ќе ја подобри целокупната циркулација. Исто така, вежбајте ги и мускулите на нозете. Активираните мускули буквално „го пеглаат“ целулитот. Еве една одлична вежба против целулит на бутовите: легнете на под, потпрете се на колената и рацете така што тежината ќе ја префрлите врз рацете. Потоа, испружете ја на назад десната нога. Затегнете ги врвовите на прстите на ногата и полека кревајте ја и спуштајте ја најмалку 20 пати. Потоа, исправете се, па повторете ја целата постапка со левата нога.

Со штипкање против целулит

Рачната  масажа, гмечењето и штипкањето ја поттикнуваат лимфната дренажа и го стимулираат процесот на излачување на вода. Масирајте се секојдневно, наутро и навечер по 10 минути. Штипкајте ја кожата со палецот и показалецот, така што под прстите ќе ја почуствувате текстурата на целулитот. Притискајте ја кожата преку целата должина на бутовите, нозете и задникот, но притоа бидете внимателни и нежни за да не си направите модринки.

Со правилна исхрана против целулит

Зеленчукот содржи многу витамини и минерали кои се неопходни за создавање и зајакнување на сврзното ткиво. Кога во исхраната има застапено доволна количина на зеленчук, секако со намален внес на јаглени хидрати (посебно кога станува збор за прости јаглени хидрати) и надополнето со поголем или доволен внес на протеини и вода, во голема мера му помагаме на организмот во процесот на уништување на целулитот.

Ви препорачуваме да прочитате:  Ефикасен домашен крем против целулит.

Сподели: