Чувствувате кркорење во стомакот иако скоро сте јаделе? Оваа појава е нормална кога подолго не сме јаделе и веќе чувствуваме силен глад. Тогаш, како еден вид одбранбен механизам, желудникот сигнализира дека нашиот организам има потреба од нова енергија и време е да се нахраниме. А, зошто се јавува кркорење во стомакот кога не станува збор за глад?
Покрај ова „нормално кркорење“, постои и такво за кое не знаеме зошто се појавува, а исто така често се случува да се запрашаме дали звукот кој го слушнавме е од нашиот стомак или од некого кој седи до нас.

Кога кркорењето е нормална појава, а кога има некоја причина за тоа?
Кркорењето во стомакот е нормална појава која потврдува дека нашиот дигестивен систем успешно ја одработува својата задача. „Движењето“ во стомакот после јадењето е знак дека храната се преработува и дека низ цревата поминуваат воздух и течност. За тие звуци е заслужна перисталтиката, односно контракциите на мускулите на цревните органи чија задача е насочување на храната кон излезниот отвор.
Но, причина за кркорењето може да бидат нови лекови, посебно ако станува збор за лаксативи или лекови за третирање на алергија. Овие „типови на кркорење“ секогаш се пропратени со други симптоми како што е болка во стомакот, проливи, крв во столицата, а можни се и отоци. Ако ваквите симптоми траат долго, потребно е да го посетите вашиот лекар, кој можеби ќе ве упати на гастроскопија или колоноскопија.
Ако ваквата појава е единствен симптом кој ги вознемирува вашиот желудник и цревата, ретко станува збор за сериозен проблем. Треба да знаете дека ова може да се случи и при состојба на изразен стрес, како пред работен состанок или друга ситуација која ни е важно да донесе добри резултати.
Освен тоа, кркорењето може да се појави од самата помисла на храна или кога гледаме храна, бидејќи мозокот испраќа сигнали до стомакот и цревата да го започнат варењето.
А сега, да ве запознаеме како може тоа да застане! Направете топол чај од ѓумбир или нане и испијте го. При тоа, можеби ќе ви биде чудно, но не треба да размислувате за тоа, за да не се појача интензитетот.
Да не заборавиме! Ако во текот на денот сте внесиле преголеми количини на шеќер во организмот, тоа може да да биде причина за прегласно кркорење на цревата.
Ви препорачуваме да прочитате: Ослободете се од надуеност и гасови во стомакот.